Риби (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Риби

Риби (латински: Pisces, грчки: Ιχθύες) - хороскопски знак кого го носат оние коишто се родени помеѓу 19 февруари и 20 март. Со овој знак владеат планетите Нептун и Јупитер. Симболот Знакот на рибите претставува две риби кои пливаат во спротивен правец.

На пат низ зодијакот[уреди | уреди извор]

На последниот степен од патувањето, човекот е подготвен да се растопи со вселената. Се појавува надеж за милост. Со спојување на негативна променлива вода, рибите се најспособни за впечатоци, и се едни од најтешките за определување. Владетелот Нептун им дава моќна вообразба.

Мотивација[уреди | уреди извор]

Рибите ги чувствуваат туѓите радости и таги како свои. Она што водолиите го проповедаат, рибите го спроведуваат. Често се привлечени од мистичното, а бидејќи се со променливо расположение, лесно можат да станат плен на измама. Омилена боја им е зелената, а честопати и морско сината бидејќи тие се риби во хороскоп ги привлекува бојата на водата. Тие многу ги сакаат песните, веселбите т.е. музиката. Полни се со добрина, благородност и преданост. Некои од нивните пријатели ги искористуваат затоа тие многу патат, но тоа тие не го заслужуваат. Ги сметаат и за скржавци поради нивната педантност, но тие не се скржавци.

Во работа и интереси[уреди | уреди извор]

Рибите работат најдобро кога работат со емоции, или кога се грижат за другите. Затоа често ги наоѓаме во добротворни институции или места кои пружаат лекување и помош. Не се добри организатори, и не сакаат рутински обврски. Ги има меѓу свештениците, спиритуалистите, трговците со чевли и производи поврзани со вода, во компании за наркотици. Родени глумци се, и природно надарени танчари. Многумина од нив имаат посебна дарба. Рибите исто така имаат долга и голема меморија која им служи многу во нивната работа. И најмалата грешка во нивната работа ги мачи, но такви се по природа. Работата нив ги исполнува и најмногу посветуваат време на неа, но и на семејството. Многу се тивки и скромни, но понекогаш се борат за тоа што сакаат и да се борат за хуманоста, слободата и правдата. Исто и некои нивни емоции ги искажуваат јавно. Рибите ја сакаат науката, астрономијата, физиката, географијата, спортот, уметноста итн.

Во односи[уреди | уреди извор]

Рибите лесно создаваат пријателства без дискриминации. Сакаат да им бидат сè на сите луѓе, секогаш се љубезни, знаат да простуваат и да се приспособат на туѓите потреби. Во љубовта, партнерот го гледаат низ „розови очила“, па затоа ги следат разочарувања. Им треба стабилен партнер кој може да им биде котва и кој може да излезе на крај со нивното променливо расположение или прекумерните реакции.

Домашен живот[уреди | уреди извор]

Домот на Рибите може да биде скромен, но вратата обично не е заклучена, па пријателите може да влезат во кое било време. Може и да се послужите сами, ако дома нема никој. Бањата и кујната се секогаш преполни со алишта и садови, а ситните предмети се расфрлени насекаде. Рибите родители се другари во игрите на своите деца, и секогаш наоѓаат време за нив.

Зборови кои ги опишуваат Рибите[уреди | уреди извор]

Важи за двата рода: променливи, емотивни, гостољубиви, дружељубиви, пожртвувани, идеалистични. Понекогаш: хаотични, лажливи, зависни, лесноверни, неуредни, со две лица, плачливи, нестабилни.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.