Водени знаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Водените знаци се сметаат за знаци со емотивна енергија. Водата е флуид што тече без форма, и затоа ѝ треба земјата за да ѝ даде форма. Ние потекнуваме од водата, и се вели дека сите знаци од водената тријада носат некое сеќавање од минатото и затоа се врзани со несвесното. Велиме дека ги миеме напите рани во водата, зборуваме за лекувачкото дејство на солзите.

Водата е манифестација на емоции и чувства, и сите водени знаци плачат, било буквално или метафорички. Имаат бујна фантазија, која често ги доведува до сожалување: за своите деца (Ракот), за својата невиност (Скорпијата) или за светската болка (Рибите). Сите тие се во движење, а ние сме „придвижени“ од чувствата и од најдлабоките несвесни инстинкти.

Водени знаци[уреди | уреди извор]

Види исто така[уреди | уреди извор]