Јарец (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јарец

Хороскопскиот знак Јарец (латински: Capricornus, грчки: Κριός) го носат оние кои што се родени помеѓу 22 декември и 19 јануари. Со овој знак владее планетата Сатурн. Симболот Знакот на јарецот го претставува извитканиот рог на јарецот.

На пат низ зодијакот[уреди]

На десетиот степен, човекот бара да ја усоврши и да ја одржи рамката на општеството и станува свесен за неговите одговорности. Се труди да заведе ред во околината и да се придржува кон законот. Комбинацијата на негативна кардинална земја, на Јарецот му дава енергија да ги организира работите на материјалниот свет, но со умерен приод, додека владетелот Сатурн му дава вродено чувство за дисцилпина.

Мотивација[уреди]

Јарецот тежнее кон висини, но се качува чекор по чекор. Неговата моќ да планира однапред и да ги зема предвид непредвидливите ситуации, му овозможува да ги надмине останатите луѓе. Јарецот секогаш внимава на своето достоинство и мисли на својата позиција во животот и општеството. Чувството за хиерархија е силно кај него, и ја почитува традицијата. За правдата се залага за принципот: „Око за око, заб за заб.“

Во работа и интереси[уреди]

Јарците се практични, вредни и совесни. Немаат аверзија кон рутински обврски, затоа што според нив „ако нешто треба да се направи, тогаш треба да се направи“. Обично се добри со финансиите и со вложувањата, па лесно се наоѓаат на менаџерски или на раководни позиции. Во слободно време, Јарецот не може да остане без хоби, а најчесто тоа е проучување на историјата, археологијата, или собирање на вредни стари предмети.

Во односи[уреди]

Не е лесно да се спријателите со Јарец, кој своите чувства ги крие зад студена ограда. Јарецот нема да ве прифати за пријател пред да ве изанализира. Во брак е одговорен и грижлив, и очекува од партнерот да ја цени неговата вредност. Жената Јарец лесно се откажува од кариерата, доколку се омажи во богато семејство.

Домашен живот[уреди]

Во домот на Јарците нема да бидете поканети случајно. Таму може да влезете само во специјална прилика, годишнина, роденден или некаква домашна прослава. Јарците се прекрасни домаќини, а дружењето тече како подмачкано. Јарците родители својата улога ја сфаќаат сериозно. Сè ќе направат за да ги заштитат своите деца и да им обезбедат добра иднина.

Зборови кои ги опишуваат Јарците[уреди]

Важи и за двата пола: вниамтелни, конструктивни, дисциплинирани, амбициозни, верни, практични, постојани, трезвени.

Понекогаш: каприциозни, пресметливи, строги, студени, мрачни, тажни, снобови.

Користена литература[уреди]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.
  • Михайлов: "Астролошки это лошки", 2011, Якутск