Прејди на содржината

Водолија (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водолија
Хороскопски симболводолија (носител на вода)
Времетраење20 јануари — 18 февруари
СоѕвездиеВодолија
Хороскопски елементвоздух
Хороскопски квалитетфиксен
ВладетелСатурн (традиционално), Уран (модерно), Раху (растечки Месечев јазол, ведска астрологија)
ПрогонСонце
Егзалтацијаниту една (традиционално), Плутон (модерно)[1][2][3]
ПадНептун
ОвенБикБлизнациРакЛавДевицаВагаСкорпијаСтрелецЈарецВодолијаРиби

Хороскопскиот знак Водолија (латински: Aquarius, грчки: Υδροχόος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари. Со овој знак владее планетата Уран. Симболот Знакот на водолија ги претставува брановите.

На пат низ зодијакот

[уреди | уреди извор]

На единаесеттото ниво, човекот знае дека сите луѓе се богови и исти под сонцето. Важна е потрагата по универзалната вистина. Комбинацијата на позитивен фиксен воздух, носи моќ за концентрација на мислите, а оригиналноста ја додава владетелот Уран.

Мотивација

[уреди | уреди извор]

Водолијата е често пред своето време, и несфатен од многумина. Неговиот природен инстинкт е да застане со масите против владетелите, но со интелект и зборови, а не со примена на сила. Водолијата се бори за своите принципи, и секогаш е верен на себеси.

Во работа и интереси

[уреди | уреди извор]

Водолиите не се амбициозни, и најчесто го прифаќаат она што им се нуди. Сепак, не сакаат да бидат врзани или затворени во канцеларија. Водолиите ги има секаде: од зоолошка градина, преку новинарство и пишување, до професии поврзани со летање. Доколку работата не им ги задоволува природните тежнеења, тогаш тоа ќе биде нивното хоби, на кое ќе се посветат целосно. Фотографијата е секако дел од нивните интереси.

Во односи

[уреди | уреди извор]

Водолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.

Домашен живот

[уреди | уреди извор]

Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.

Зборови кои ги опишуваат Водолиите

[уреди | уреди извор]

Важи и за двата пола: независни, објективни, интелектуални, хумани, идеалистични, инвентивни, оригинални, чесни.

Понекогаш: повлечени, груби, мрзоволни, ексцентрични,тврдоглави, нетактични.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.
  1. Finey, Michèle (23 March 2023). „Pluto in Aquarius — Liberty, Equality, Fraternity“. AstroDienst (англиски). Посетено на 6 November 2025.
  2. Younghans, Pam. „Pluto in Aquarius: Transforming Society, Empowering Progress“. InnerSelf (англиски). Посетено на 6 November 2025.[мртва врска]
  3. Wilkinson, Robert (November 2024). „Pluto in Aquarius – An Era of Deep Global Transformation Pt. 1“. Aquarius Papers (англиски). Архивирано од изворникот на 2025-09-26. Посетено на 6 November 2025.