Прејди на содржината

Вообразба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Занесениот Дон Кихот чита витешки книги

Вообразба (англиски: Imagination) — способност на една личност спонтано да создава или намерно да изгради слики, идеи, претстави на предмети кои, во искуството на замислувачот, претходно не биле воочени во целост или воопшто не можат да се воспримат преку сетилата (како на пример, настани во историјата, наводната иднина, појави што не се воспримени или непостоечки светови, како што се натприродни ликови во бајките, митовите итн.).[1] Оваа човечка способност да создава слики, идеи, претстави и да ракува со нив игра важна улога во умствените процеси како што се моделирање, планирање, творештво, игра, паметење и размислување.[2]

  1. „Mental Imagery“. The Stanford Encyclopedia of Philosophy. Metaphysics Research Lab, Stanford University. 2021.
  2. Szczelkun, Stefan (2018-03-03). Sense Think Act: a collection of exercises to experience total human ability. Stefan Szczelkun. ISBN 9781870736107. To imagine is to form experiences in the mind. These can be recreations of past experiences as they happened such as vivid memories with imagined changes, or they can be completely invented and possibly fantastic scenes.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]