Тодор Димитровски
Тодор Димитровски (19 февруари 1922 во Подлес — 15 ноември 2000 во Скопје) — македонски лингвист, книжевен историчар, теоретичар и преведувач.[1]

Животопис
[уреди | уреди извор]На негови десет години, неговите родителли се преселиле во Скопје (1932 година), каде што завршил основно училиште и гимназија (1940), Филолошки факултет (1954) и хабилитирал со трудот „Интернационалниот слој во јазикот на Крсте Мисирков“ (1970). Работел како преведувач во Македонската редакција на ТАНЈУГ, неколку години во весникот „Трудбеник“ (1945-1949), а потоа бил лектор во книгоиздателствата „Ново поколение“ и „Кочо Рацин“ (1950-1953).[1] Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ.
Автор е на книгите: еден од составувачите на Речник на македонскиот јазик, 1-3 (1961 - 1966), еден од авторите на Правопис на македонскиот јазик, Григор Прличев, Собрани текстови, приредил (1974), Коле Неделковски, Стихови, приредил (1975), За македонскиот јазик, уредник, соавторство (1978), Коле Неделковски, Собрано дело, предговор, коментар, избор и редакција (1981), Од Пејчиновиќ до Рацин (1982), Димитрија и Константин Миладиновци, Зборник на народни песни, уредник, соавторство (1983), Речник на македонската народна поезија, кн. 1-2, уредник (1983-1987), Речник на Бели мугри на К. Рацин (1990), Речник на литературните изрази (1996), Подвигот на Миладиновци (2000), Нивната мака на перото (2000), Галичник и Мијаците (2000). Преводи: Слово за походот Игорев (1960). Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 468–469. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- About the Macedonian Language by Тодор Димитровски
- Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик Архивирано на 16 јануари 2021 г.
- Рецензии кон трудот Толковен речник на Цепенковите приказни од авторот Димка Митева
- Речник на литературни изрази: 700 цитати (едиција речници)
- Значења и употреба на предлозите во македонскиот литературен јазик
- Речник на македонската народна поезија
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во 1922 година
- Луѓе од Подлес
- Починати во 2000 година
- Никулци за биографии
- Македонски писатели
- Македонски преведувачи
- Македонски јазичари
- Македонски книжевни историчари
- Југословенски писатели
- Југословенски преведувачи
- Југословенски јазичари
- Југословенски книжевни историчари
- Членови на ДПМ
- Починати во Скопје
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“