Премиер на Народна Република Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Премиер на Кина)
Прејди на: содржини, барај
Премиер на
Државниот совет на
Народна Република Кина
Flag of the People's Republic of China.svg
Функционер
Ли Кеќанг
Назначувач Национално народно собрание
Мандат пет години, повторливо
последователно еднаш
Прв функционер Џоу Енлај
Создадена 1 октомври 1949
Мреж. место Државен совет (англиски)

Премиер на Државниот совет или само Премиер (кинески: 国务院总理, пинјин: guówùyuàn zŏnglĭ, мак. „Гуовујуен цунгли“) — државник кој стои на чело на Државниот совет („Централната народна влада“ по 1954), и е шеф на владата на Народна Република Кина. Сè до 1954 функцијата првично се нарекувала Премиер на Владиниот управен совет (трад. 政務院總理). Премиерот добива формално одобрение од Националното народно собрание по номинација од претседателот. Во практика и премиерот и претседателот се избираат со однапред решени божемни избори кои се одржуваат еднаш на пет години. Премиерот членува во моќниот Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина за да го означи важниот статус на ова тело.

Надлежност[уреди | уреди извор]

Премиерот е одговорен за организирање на и раководење со управните бирократски органи во земјата. Тука спаѓа надгледување на разните министерства, служби, комисии статутарни агенции. Премиерот нема власт врз армијата, туку стои на чело на Националниот комитет за одбранбена мобилизација. Во последниве години се забележува поделба на одговорностите помеѓу премиерот и претседателот (кој всушност е Генерален секретар на партијата) каде премиерот е одговорен за поединостите во имплементацијата на владината политика, додека претседателот (генералниот секретар) има задача да собира политичка поддршка која е потребна за донесување на одлуки.

Премиерот е помаган од четири вицепремиери, започнувајќи со реформата на Денг Сјаопинг во 1983 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Кина — Семрежна енциклопедија (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]