Ма Кај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ма Кај
马凯
Ma Kai Xiamen 2013.jpg
Ма Кај во 2013 г.
Вицепремиер на НР Кина
На должноста
Стапил
16 март 2013
Служи со Џанг Гаоли, Љу Јендунг, Ванг Јанг
Премиер Ли Кеќанг
Претходник Ванг Ќишан
Државен советник на НР Кина
На должноста
март 2008 – март 2013
Премиер Вен Ѓабао
Лични податоци
Роден(а) јуни 1946
Ѓиншан, Шангај
Националност Кинез
Партија Комунистичка партија
Установа Народен универзитет на Кина

Ма Кај (кинески: 马凯, пинјин: Mǎ Kǎi); р. јуни 1946) — еден од четворицата вицепремиери на Кина, четврти по ранг.[1] Служел и како советник и генерален секретар на Државниот совет на Кина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во округот Ѓиншан, Шангај во јуни 1946 г, а магистрирал на Народниот универзитет во 1982 г.

Членувал во XVI, XVII и XVIII Централен комитет на Комунистичката партија на Кина. Во 2012 г. е избран за член на Политбиро на Комунистичката партија на Кина|Политбирото на КПК.

Во 2003 г. бил назначен за раководител на Националната комисија за развој и реформи, со управно-планска надлежност над кинеската економија.[2] Денес е задолжен и за државната политика во однос на глобалното затоплување.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кој е кој во новиот состав на државниот врв на Кина“, 16 март 2013 (посет. 16 март 2013 г). (англиски)
  2. Ma KaiChinaVitae (2003), accessed посет. 14 јуни 2007 г (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]