Џанг Гаоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џанг Гаоли
张高丽
Zhang-Gaoli 1.jpeg
Прворангиран Вицепремиер на Кина
На должноста
Стапил
15 март 2013
Премиер Ли Кеќанг
Претходник Ли Кеќанг
Лични податоци
Роден(а) ноември 1946
Ѓинѓанг, Фуѓен
Партија Комунистичка партија
Установа Сјаменски универзитет

Џанг Гаоли (кинески: 张高丽, пинјин: Zhāng Gāolí; р. ноември 1946) — тековен прворангиран вицепремиер на Кина и член на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина. До ноември 2012 г. бил партиски секретар на градот Тјенѓин, а до март 2007 г. ја имал инстата функција среде развојниот расцут на покраината Шандунг.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Џанг е роден во Ѓинѓанг, Фуџен. Во ноември 1973 г. се зачленил во Комунистичката партија (КПК). Судирал економија на Сјаменскиот универзитет во Сјамен (1965-1970).

Од 1997 до 2002 г. бил на важни функции во специјалната економска зона на Шенџен и покраинската управа на Гуангдунг, каде одиграл суштинска улога во стопанскиот напредок на подрачјето. Како економист, Џанг бил задолжен за економскиот развој на покраината Шандунг, каде служел како покраински секретар на КПК.

Пред одржувањето на XVII партиски конгрес, централното раководство направило прераспоред на функционерите, со што Џанг бил преместен како началник на крајбрежниот град Тјенѓин.

На XVIII Национален конгрес на КПК во 2012 г. Џанг е избран за член на XVIII Постојан комитет на Политбирото.

On 15 март 2013 бил назначен за прв вицепремиер на кабинетот на Ли Кеќанг.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кој е кој во новата постава на државниот врв на Кина“, 16 март 2013 (посет. 16 март 2013 г). (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]