Политбиро на Комунистичката партија на Кина
Политбиро на Комунистичката партија на Кина 中国共产党中央政治局 | |
---|---|
![]() | |
Водство | |
Статус | Извршен орган при Централниот комитет, Комунистичка партија на Кина |
Партиски водач | |
Прворангиран член | |
Го избира | Централниот комитет |
Одговара на | Централниот комитет |
Места | 25 |
Народна Република Кина |
![]() Оваа статија е дел од темата: |
|
Идеологија
Право
|
|
Политбирото на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央政治局; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Zhèngzhìjú) е посебен орган од 19-25 членови што вршат надзор работата на Комунистичката партија на Кина. За разлика од политбироата на другите комунистички партии, одлучувачката моќ е содржана во неговиот Постојаниот комитет. Политбирото е вообичаено назначено од Централниот комитет.
Моќта на Политбирото се должи на тоа што неговите членови воедно се и високи државни функционери што го контролираат назначувањето на кадрите во самото политбиро и Секретаријатот Покрај ова, сите тие се на највисоки функции на покраинско ниво. Работењето на овој орган не е доволно познато, но се смета дека целото политбиро се среќава еднаш месечно, а постојаниот комитет се состанува еднаш неделно. Агендата на состаноците ја определува Генералниот секретар, а одлуките се носат со консензус.[1]
Тековен состав (XVIII Политбиро)[уреди | уреди извор]
XVIII Политбиро е избрано на Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина во ноември 2012 г. Неговиот состав е следниот:
- Си Ѓинпинг — генерален секретар на КПК, претседател на Централниот воен комитет, претседател на НР Кина, член на Постојаниот комитет на Политбирото од I ранг
- Ма Кај — IV вицепремиер
- Ванг Ќишан — член на Постојаниот комитет на Политбирото од VI ранг, секретар на Комитетот за дисциплинска инспекција
- Ванг Хунинг — директор на Службата за политичко истражување на ЦК на КПК
- Љу Јиншан — член на Постојаниот комитет на Политбирото од V ранг, прворангиран секретар на Секретаријатот на ЦК на КПК, претседател на Централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација, претседател на Централното партиско училиште
- Љу Јендунг — II вицепремиер (жена)
- Љу Ќибао — секретар на Секретаријатот на ЦК, началник на Одделението за пропаганда на КПК
- Си Ќиљанг — потпретседател на Централниот воен комитет
- Сун Чуенлан — партиски секретар на Тјенѓин (жена)
- Сун Џенгцај — партиски секретар на Чунгчинг
- Ли Кеќанг — член на Постојаниот комитет на Политбирото од II ранг, премиер на НР Кина
- Ли Ѓенгуо — потпретседател и генерален секретар на Националното народно собрание
- Ли Јуенчао — потпретседател на НР Кина
- Ванг Јанг — III вицепремиер
- Џанг Чуенсјен — партиски секретар на Синџанг
- Џанг Гаоли — член на Постојаниот комитет на Политбирото од VII ранг, I вицепремиер
- Џанг Деѓанг — член на Постојаниот комитет на Политбирото од III ранг, претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
- Фан Чанглунг — потпретседател на Централниот воен комитет
- Менг Ѓенџу — началник на Политичко-правниот комитет на ЦК на КПК
- Џао Леѓи — секретар на Секретаријатот на ЦК, началинк на Организациското одделение на КПК
- Ху Чуенхуа — партиски секретар на Гуангдунг
- Ји Џенгшенг — член на Постојаниот комитет на Политбирото од IV ранг и претседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание
- Ли Џаншу — секретар на Секретаријатот на ЦК на КПК, началник на Општата служба на КПК
- Гуо Ѓинлунг — партиски секретар на Пекинг
- Хан Џенг — партиски секретар на Шангај
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Централен воен комитет
- Централен комитет на Комунистичката партија на Кина
- Секретаријат на Комунистичката партија на Кина
- Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Miller, H. „Hu Jintao and the Party Politburo“ (PDF). China Leadership Monitor. Hoover Institution. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-13. Посетено на 15 октомври 2011.