Министерство за финансии на Кина
| Министерство за финансии | |
|---|---|
| 财政部 | |
| Податоци за органот | |
| Основан | 1949 |
| Надлежност | |
| Седиште | Пекинг |
| Раководител | Лоу Џивеј (Министер за финансии) |
| Матичен орган | Државен совет |
| Мрежно место | |
| mof.gov.cn | |
Министерство за финансии (кинески: 财政部, пинјин: Cáizhèngbù) — министерство на владата на НР Кина што се занимава со макроекономската политика на земјата и нејзиниот буџет. Раководи и со фискалната политика, економските регулативи и државните расходи.
Министерството води евиденција и издава годишни податоци за економијата, вклучувајќи ги досегашните стапки на економски раст, државниот долг и зајмувањето како и многу други показатели.
Делокругот на министерството е помал од оној на неговите пандани во други земји. Со макроекономските работи раководи главно Националната комисија за развој и реформи, државниот сектор од стопанството е во надлежност на Комисијата за надзор и управување со државна сопственост, а посстојат посебни регулаторни тела за банкарството, осигурувањето и хартии од вредност. Покрај ова, министерството не се занимава со регулација на пазарите на пари и каматните стапки. Со нив, и со сета останата монетарна политика, се занимава Народната банка на Кина. Овие установи имаат еднаков статус со министерството, и нивните раководители исто така членуваат во Државниот совет.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Главни должности на Министерството за финансии Архивирано на 22 октомври 2013 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||||||