Долг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Долг, заем[1], борч[2] – заем во пари или во некоја друга материјална вредност што треба да се врати некому[3]. Долг е износот на средствата што должникот му го должи на заемодавецот. Долгот е предмет на однос меѓу доверителот (заемодавецот) и должникот, вклучувајќи го правото на доверителот и обврската на должникот да го намири долгот.

За долгот најчесто се издава писмена потврда (сметка, обврзница) на која е напишан износот на долгот, а понекогаш и планот за отплата на долгот.

Кредит и заем е вид долг, кој се користи за купување на производ со одложено плаќање. На кредитот се пресметува камата. Ако должникот не го враќа долгот, заемодавецот има право на судска тужба. Заплената е облик на наплата на долг по завршувањето на судски процес. Ако должникот нема доволно пари за да го му плати долгот на заемодавецот, тие можат да се договорат долгот да го компензираат со производи или услуги.

Јавен долг е долг на државата кон доверителите. Надворешен или странски долг е долгот на една земја кон други држави или кон меѓународни институции.

Кога поединец, компанија или држава не може да го намири долгот, се прогласува стечај и доаѓа план за излез од кризата и начин за наплата на побарувањата.

Наводи[уреди | уреди извор]