Прејди на содржината

Министерство за образование на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за образование
на НР Кина
教育部
Џаојибу
Податоци за органот
Надлежност  Кина
Седиште Пекинг
Раководител Јуен Гуејжен
(Министер за образование)
Матичен орган Државен совет
Ограноци Национална служба за кинескиот како странски јазик (NOCFL)
Кинески стипендиски совет
Мрежно место
moe.edu.cn

Министерството за образование на НР Кина (кинески: 教育部; пинјин: Jiàoyùbù) е министерство задолжено за образованието во Кина, со седиште во Пекинг. Надлежен орган за министерството е Државниот совет, кој ги пропишува правилата што важат за сите сфери од образовниот систем во земјата. Тука спаѓаат задолжителното основно образование, средната и стручна спрема и високото образование.

Меѓу другото, министерството има задача да издава уверенија за наставниот кадар, да спроведува стандардизација на наставната програма и учебниците, да воспоставува стандарди и да врши општ надзор на целиот образовен систем, настојувајќи да ја „осовремени Кина по пат на образованието“. Како установа, дава нагласок на техничките струки наспроти академството како такво.

Од 1985 до 1998 г. органот се нарекувал „Државна комисија за образование“.

Список на министри

[уреди | уреди извор]
Бр.ИмеСтапилНапуштил
Министер за образование на Централната народна влада
1Ма Сјилуен (马叙伦)октомври 1949ноември 1952
Министер за образование
2Џанг Сјижуо (张奚若)ноември 1952февруари 1958
3Јанг Сјуфенгфевруари 1958февруари 1964
4Лиу Џипинг (刘季平)в.д., февруари 1964октомври 1964
5Хе Веј (何伟)октомври 1964јуни 1966
непополнето за време на Културната револуција
6Џоу Жунгсјинјануари 1975април 1976
7Лиу Сјијао (刘西尧)јануари 1977февруари 1979
8Џанг Нансјанг (蒋南翔)февруари 1979мај 1982
9Хе Дунгчанг (何东昌)мај 1982јуни 1985
Претседател на Државната комисија за образование
10Ли Пенгјуни 1985април 1988
11Ли Тјејингаприл 1988март 1993
12Џу Кајсјуен (朱开轩)март 1993март 1998
Министер за образование
13Чен Џелимарт 1998март 2003
14Џоу Џимарт 2003ноември 2009
15Јуен Гуејженноември 2009во служба

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]