Министерство за одбрана на Кина
Министерство за национална одбрана | |
---|---|
国防部 | |
![]() | |
Зградата „Првоавгустовска“ — седиште на Министерството за одбрана на НР Кина | |
Податоци за органот | |
Надлежност | ![]() |
Седиште | Пекинг |
Раководител | Ли Шангфу (Министер за национална одбрана) |
Матичен орган | Државен совет |
Мрежно место | |
mod.gov.cn (англиски) |
Министерството за национална одбрана на НР Кина (кинески: 国防部; пинјин: Guófángbù) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.
Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.
Структура
[уреди | уреди извор]Министерството за одбрана има неколку одделенија:
- Општа служба
- Служба за надворешни работи
- Мировничка служба
- Служба за регрутација
Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот.
Министер
[уреди | уреди извор]Иако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво.
Список на министри
[уреди | уреди извор]Бр. | Име | Стапил | Напуштил |
---|---|---|---|
1 | Марш. Пенг Дехуај | септември 1954 | април 1959 |
2 | Марш. Лин Бјао | април 1959 | септември 1971 |
непополнета | |||
3 | Марш. Је Џенјинг | јануари 1975 | март 1978 |
4 | Марш. Сји Сјенгчен | март 1978 | март 1981 |
5 | Генг Бјао | март 1981 | јуни 1983 |
6 | Ген. Џанг Ајпинг | јуни 1983 | март 1988 |
7 | Ген. Чин Џивеј | март 1988 | март 1993 |
8 | Ген. Чи Хаотјен | март 1993 | март 2003 |
9 | Ген. Цао Гангчуан | март 2003 | 17 март 2008 |
10 | Ген. Љанг Гуангље | 17 март 2008 | 16 март 2013 |
11 | Ген. Чанг Ванчуен | 16 март 2013 | 19 март 2018 |
12 | Ген. Веи Фенге | 19 март 2018 | 12 март 2023 |
13 | Ген. Ли Шангфу | 12 март 2023 | во служба |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- „Министерство за национална одбрана“. SinoDefence. Архивирано од изворникот 2007-11-09. Посетено на 2007-11-21. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Министерство за одбрана на НР Кина
- Министерство за одбрана на НР Кина (англиски)
- 中国军网 (Вооружени сили на Кина)
- China Military — портал на кинеската армија (англиски)