Љанг Гуангље
Љанг Гуангље 梁光烈 | |
---|---|
Министер за одбрана на НР Кина | |
На должноста 17 март 2008 – 16 март 2013 | |
Премиер | Вен Ѓабао |
Претходник | Цао Гангчуан |
Наследник | Чанг Вангчуен |
Началник на ГШ на Народноослободителната армија | |
На должноста November 2002 – 2007 | |
Претходник | Фу Чуенјоу |
Наследник | Чен Бингде |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 декември 1940 Сантај, Кина |
Починал(а) | 12 ноември 2024 Пекинг, Кина | (возр. 83)
Партија | Комунистичка партија на Кина |
Установа | Хенански универзитет |
Воена служба | |
Припадност | НР Кина |
Род | Народноослободителна армија на Кина |
Траење | 1958– |
Чин | генерал |
Љанг Гуангље (кинески: 梁光烈, пинјин: Liáng Guāngliè; 1 декември 1940 - 12 ноември 2024) — поранешен министер за одбрана на Кина и генерал во Народноослободителна армија (воените сили на Кина).
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Сантај, Сечуан. Стапил во воена служба во јануари 1958 г, а се зачленил во Комунистичката партија на Кина во ноември 1959.
Од декември 1993 до јули 1995 г. бил на функцијата Начелник на генералштабот на Пекиншката воена област
Од јули 1995 до декември 1997 г. бил поткомандант на Пекиншката воена област.
Од декември 1997 до декември 1999 г. бил командант на Шенјаншкиот воен регион.
Од декември 1999 до ноември 2002 г. бил командант на Нанџиншката воена област и потсекретар на комитетот на комунистичката партија за Нанѓинг.
Љанг бил Начелник на Генералштабот на Народноослободителната армија од 2002 до 2007 г. По ова бил на функцијата државен советник и Министер за одбрана, членувајќи и во Централнiot воен комитет.
Наизменично членувал и во XIII и XIV Централен комитет на Комунистичката партија, а член е и на XV, XVI и XVII Централен комитет.
Генерал Љанг се повлекол од министерската функција на XVIII Национален конгрес на КПК кон крајот на 2012 г. и отишол во пензија. на негово негово место дошол генералот Чанг Ванчуен.[1]
Извори
[уреди | уреди извор]- „Љанг Гуангље“. Народен дневник. Посетено на 2007-03-24.
- Кинескиот генерал Љанг Гуангље назначен на клучна воена функција Архивирано на 11 декември 2007 г. (Франс-Прес преку Стрејтс Тајмс)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Li, Cheng, "China’s Midterm Jockeying: Gearing Up for 2012 (Part 3: Military Leaders) Архивирано на 24 октомври 2011 г."
Воени функции | ||
---|---|---|
Претходник Фу Чуенјоу |
Началник на ГШ на Народната ослободителна армија 2002–2007 |
Наследник Чен Бингде |
Политички функции | ||
Претходник Цао Гангчуан |
Министер за одбрана на Кина 2008–2012 |
Наследник Чанг Ванчуен |