Централен воен комитет (Кина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата „Првоавгустовска“ — дом на Министерството за одбрана на Кина и Централниот воен комитет.

Централниот воен комитет (ЦВК) (кин. [упр.] 中华人民共和国中央军事委员会; пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó Zhōngyāng Jūnshì Wěiyuánhuì) означува две одбранбени организации: едната на Комунистичката партија, а другата на самата НР Кина како држава.[1]

Командата на Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина) ја има државниот воен комитет, под надзор на Постојаниот комитет на Националното народно собрание. Државниот воен комитет номинално се смета за врховен воен орган, чиј врховен командант е претседателот, избран од Националното народно собрание. Во практика, со војската сепак заповеда партискиот воен комитет, кој е во состав на ЦК на партијата.

Обата комитета имаат ист состав, и со тоа претставуваат една иста организација со две улоги во владиниот и во партискиот систем. На чело на обете стои сегашниот претседател на државата, Си Ѓинпинг. Комитетот брои 11 члена и издава наредби за назначување на виши старешини, операции на војската и воено буџетирање. Речиси сите членови се старешини од висок чин, со исклучок на најважните функции, кои припаѓаат на врховното партиско раководство, со што се обезбедува верност кон државниот апарат.[2]

Комитетот е сместен во зградата на Министерство за одбрана на Кина наречена „Првоавгустовска“.

Оранизација[уреди | уреди извор]

Точната внатрешна организација на комитетот е недоволно позната бидејќи важи за голема тајна, но познато е дека има барем пет главни органи:

  • Генералштаб
  • Служба за правни работи
  • Служба за наоружување
  • Дисциплинска инспекција
  • Служба за ревизија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Централен воен комитет на Комунистичката партија на Кина (中国共产党中央军事委员会) и Централен воен комитет на Народна Република Кина (中华人民共和国中央军事委员会)
  2. „Како се управува Кина: Комитет за воени работи“ - БиБиСи, 5 јуни 2010 (англиски)


Шаблон:Кинеска политика