Беличка Река (Јабланичка)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Беличка Река се наоѓа на планината Јабланица, извира југоисточно од врвот Црн Камен и тече низ селото Горна и Долна Белица и се влева во Црн Дрим. Зафаќа сливно подрачје 57,75 км2 и припаѓа на Јадранскиот речен слив.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.