Црква „Св. Атанасиј“ - Луково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°20′58.3″N 20°36′12.9″E / 41.349528° СГШ; 20.603583° ИГД / 41.349528; 20.603583Координати: 41°20′58.3″N 20°36′12.9″E / 41.349528° СГШ; 20.603583° ИГД / 41.349528; 20.603583
Место Луково
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1883
Зограф Аврам Дичов, Јанаки Ненчов
Архитектонски опис

Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Луково.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1883 година од делкан камен со средства од самопридонес на населението.[2][3] Во 1894 година, црквата била зографисана од страна на Аврам Дичов — син на Дичо Зограф — и таа е негово последно дело.[4] Храмот исто така бил зографисан од страна на дебарскиот мајстор Јанаки Ненчов.[5]

Во 2010 година, црквата била ограбена и од неа била одземена 21 икона, кои биле изработени од страна на Аврам Дичов.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида во задниот дел. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на Апостол Лука, а до внатрешноста води и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има ниша во облик на крст со фреска на патрониот светец Атанасиј Александриски. На јужниот ѕид на црквата има три правоаголни прозорци со иста големина и на иста висина, а правоаголен прозорец има и во средишниот дел на апсидата. Објектот е граден од делкан камен и во целост е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има правоаголна основа и е прилепена до помошниот објект кој се наоѓа паралелно со северната страна на црквата. Градена е од тули и во горниот дел има по еден залачен отвор на јужната и северната, како и по два залачени отвори на западната и источната страна. Во гробиштата се наоѓаат гробовите на родовите: Маџовци, Коловци, Шуминовци, Петановци и Видичевци.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трајковски, Мики (21 септември 2010). „Од црква во Луково однесени 21 икона“. Скопје: Утрински Весник. Посетено на 23 мај 2016.
  3. Дебарско-реканско архијерејско намесништво Архивирано на 20 јуни 2013 г.“. Дебарско-кичевска епархија.
  4. Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. МПЦ. 6 октомври 2010.
  5. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 262.
  6. Филиповиќ, Миленко (1939). Дебарски Дримкол (српски). Скопје. стр. 138–141.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]