Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°02′13.7″N 21°44′33.9″E / 41.037139°N 21.742750°E |
| Место | Будимирци |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитрија Солунски |
| Завршено | 1860 2000 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Димитриј – манастирска црква на Трновскиот манастир, Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1860 година, но била разрушена во 1918 година, па била обновена во 2000 година.[1]
Во внатрешноста на црквата се наоѓа фотографија на Стојанка Ајдерова, која била иницијатор за изградба на црквата.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е мала еднокорабна со четириаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а непосредно над влезната врата има вдлабнат крст.[2] Над крстот има ниша во којашто се наоѓаат две помали икони во лоша состојба, од кои на едната е насликан Свети Димитриј како јава коњ, а на другата е прикажана Богородица со Исус. Црквата е еднокорабна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но изобилува со бројни икони и слики закачени по ѕидовите. Иконостасот содржи два реда со икони над ѓаконовите порти и царските двери.
Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел има нешто поголема основа и на неговата јужна страна е сместен влезот. Горниот дел е подолг и во висина на ѕвоното има по една отворена монофора на секоја страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Јужната страна
- Апсидата
- Крстот и нишата над влезот
- Внатрешноста
- Слика со Тајната вечера
- Камбанаријата
- Иницијаторот за изградба на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Трново Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина“. Оф Роуд - Македонија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци на Ризницата ?


