Бела Река (Ниџева)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела Река
Течението на реката
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоНиџе (месност Бело Гротло)
 • надм. вис.1.610 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°01′20″N 21°40′39.2″E / 41.02222° СГШ; 21.677556° ИГД / 41.02222; 21.677556Координати: 41°01′20″N 21°40′39.2″E / 41.02222° СГШ; 21.677556° ИГД / 41.02222; 21.677556
 • надм. вис.
500 м
Должина16 км
Големина на сливот119 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Притоки 
 • левиТрновчица

Бела Река или Белицарека во Јужна Македонија и десна притока на Црна Река.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира во месноста Бело Гротло на планината Ниџе, на надморска височина од 1.610 м, а во Црна Река се влева на надморска височина од 500 м. Течението на реката е во правец северозапад до селото Будимирци, а потоа го менува правецот во југозапад сè до вливот во Црна Река. Нејзината долина е клисуреста, а на места има кањонски изглед.[1][2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 16 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 119 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.610 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 500 м, така што релативниот пад изнесува 69,4‰.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 7. Посетено на 5 октомври 2021.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.