Јон Пашата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Димов
Јон Пашата
Ion Pashata.JPG
Роден 1876
Тројаци, Прилепско
Починал 20 ноември 1907
Битола

Иван Најдов Димов или Јон Пашата[1][2] ( 1876, Тројаци, Прилепско - 20 ноември 1907 , Битола) — македонски револуционер, битолски војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Димов е роден во 1876 година в прилепското село Тројаци.[4] Во 1897 година работел во Романија и при завршувањето на печалбата во 1900 година отишол кај Шебедин бег каде порано работел, ја искршил вратата и зел една пушка и два пиштола. Потоа се вклучил во ВМОРО и од 1902 година станал четник во четата на војводата Ѓорѓи Сугарев. За време на Илинденското востание во 1903 година бил во четата на Иван Кафеџијата. Водел самостојна чета во Шурковската планина и Преспанско, а потоа во реонот Кичевско и Битолско.

Во 1904 година бил назначен за реонски војвода низ битолското поле. Заедно со Димче Сарванов и Трајко Кралот дејствувале против грчката вооружена пропаганда во Македонија. Негов четник бил Грујо Акелов.[5] На 1 јули 1905 година крај селото Могила го убиле познатиот турски насилник Шефки-ага. Дејствувал како помошник реонски војвода на Димче Сарванов. За реон на дејствијата ги имал полските села низ Пелагонија од десната страна на реката Црна и Ѓаваткол со 6 четници[6].Во крајот на 1907 година Јон Пашата се разболел тешко од дифтерија и умрел во Битола на 20 ноември 1907 година.[7]

Погребан е во дворот на битолската црква „Света Недела“ и потоа бил препогребан во гроб на некоја млада жена, поради честите претреси на аскерот низ гробиштата.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 71
  2. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 47
  3. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 471
  4. Постојат неколку гледишта за датумот и родното место на Јон Пашата. Според бугарското дело „Македонците во културно-политическиот живот на Бугарија. Анкета од Извршниот комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, Софија, 1918, стр. 94.“ тој е роден 1878 во селото Логоварди или според други извори во селото Тројкрсти
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.
  6. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  7. Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 87-88.
  8. Спомени и биографии на илинденци, ДАРМ - Подрачно одделение – Битола, Битола, 1993.