Црква „Св. Недела“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Предната страна на црквата Св. Недела во Битола.
Натпис над влезот од црквата Св. Недела во Битола.
Гробот на Александар Турунџев

Црквата Св. Недела во Битола е основана и издигната на 13 октомври 1863 година за време на неговото преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, од кого црквата била осветена [1]. Најголемата икона во црквата е на светите браќа Кирил и Методиј, а со оглед на тоа што црквата била под јуриздикција на бугарската црква, натписот под неа гласи „бугарски просветители од Преслав 1875 год“.[се бара извор] Натписот над влезната врата од црквата гласи:

Тоя светї храмъ на прѣсветая и славна великомѫченица Недѣля се издїгнѫ отъ основание съ иждивението на Българитѣ при владикованието на Вїсокопрѣосвещенния г-нъ г-нъ Венедиктъ Византийский който и я освети Битоля 13 октомври 1863 год.

Во превод:

Овој свет храм на пресветата и славна великомаченца Недела се издигна од основание со помош на бугарите за време на владикувањето на високопреосвештениот г-н г-н Венедикт Византиски кој ја освети. Битола 13 октомври 1863.

Гробишта[уреди | уреди извор]

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев [2]. На гробиштата се погребани многу значајни личности како Павел Шатев (револуционер), Димко Сарванов - Могилче (револуционер) ,Кирил Лозанчев -Револуционер Михаил Димев. Во периодот од Првата светска војна во Битола се погребани 40 бугарски војници, од кои 7 во дворот на црквата Св. Недела, а останатите на гробиштата во Хераклеа [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В църкви от битолската епархия изтриват надписи за българите. Actualno.com, 27 февруари 2009 г.
  2. Александър М. Лепавцов. Има ли стара и нова македонска цивилизация, Идеологически интерпретации за пренебрегване на фактите. в. Литературен форум, брой 5 (446), 06.02. – 12.02.2001 г.
  3. Даваме Битоля без бой на съглашенците. в. Стандарт, 4 ноември 2007