ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци
Браќа Миладиновци | |
|---|---|
во состав на ОУ „Браќа Миладиновци“ | |
Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ | |
| Место | |
| Општина: | Општина Могила |
| Наречено по: | Браќа Миладиновци |
| Нас. место: | Дедебалци |
| Адреса: | с. Дедебалци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Дедебалци, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.[1]
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, некаде на половина пат помеѓу селата Дедебалци и Далбеговци.
Историја
[уреди | уреди извор]Во текот на 2016 година училиштето било делумно обновено. Во тој зафат биле обновени дограмите, подовите и училишниот ходник.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]
Учениците од подрачното училиште во Трап-Будаково подоцна доаѓаат да посетуваат настава во училиштето во Дедебалци.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „За нас...“. македонски: ОУ „Браќа Миладиновци - Добрушево. Посетено на 15 октомври 2019.

