Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Добрушевско-дедебалска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°09′46.5″N 21°32′12.8″E / 41.162917°N 21.536889°E |
| Место | Мусинци |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Мусинци.[1][2] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со три многуаголни апсиди на источната страна и осумаголна купола. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез е сместен на западната страна до која е доградена припрата. Над влезната врата има полукружна ниша со фреска на која е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Црквата има и два споредни влеза кои се наоѓаат на јужната страна. На јужната и северната страна има по две монофори. Источниот ѕид содржи една голема апсида во средина и две помали од страните.
Во дворот на црквата се сместени стариот објект на црквата, камбанаријата и селските гробишта. Стариот објект има правоаголна основа со апсида на источната страна. Изграден е од тули и содржи кровна конструкција сочинета од дрвени греди над која има кров од ќерамиди. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно пред влезот на црквата. Таа се состои од три дела, од кои најгорниот е отворен од сите страни. Изградена е од камени блокови.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна на црквата
- Главниот влез на црквата
- Северната страна на црквата
- Јужната страна на црквата
- Куполата на црквата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата
- Стариот објект на црквата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Мусинци Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци на Ризницата ?


