Црква „Св. Атанасиј“ - Лознани

Координати: 41°12′39.3″N 21°24′25.5″E / 41.210917° СГШ; 21.407083° ИГД / 41.210917; 21.407083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба

Карта

Координати 41°12′39.3″N 21°24′25.5″E / 41.210917° СГШ; 21.407083° ИГД / 41.210917; 21.407083
Место Лознани
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1860
Архитектонски опис

Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Лознани.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува до Новоселани.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1860 година, била доградувана во 1900 година и обновена во 1926 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден објект чиј влез е сместен на јужната страна. Главниот објект на црквата е изграден од варовник и е покриен со крод од ќерамиди.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, базен за верски обреди и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа, изградена е од тули и се издига јужно од црквата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Лознани Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]