Црква „Пресвета Богородица“ - Пешталево
Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°27′56.2″N 21°23′56.4″E / 41.465611° СГШ; 21.399000° ИГД |
Место | Пешталево |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1965 |
Архитектонски опис |
Пресвета Богородица – главна и единствена селска црква во селото Пешталево.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1965 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има две камбанарии, два помошни објекти, а во него се сместени и христијанските селски гробишта. Првата камбанарија е прилепена до западната страна на црквата и се издига над просторот пред главниот влез. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. На целиот простор од западната страна на средниот дел има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. На секоја страна од горниот дел на камбанаријата има по една монофора. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди над кој има метален крст на кој е испишано името на црквата. Втората камбанарија е одделна и се наоѓа непосредно до помалиот помошен објект. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Во долниот дел од западната страна се наоѓа влезната врата, а горниот дел е отворен од сите четири страни. Покриена е со пирамидален лимен кров.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Главниот влез на црквата
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Јужната и источната страна
-
Западната страна со прилепената камбанарија
-
Одделната камбанарија
-
Помалиот помошен објект
-
Поголемиот помошен објект
-
Влезот во поголемиот помошен објект
-
Христијанските селски гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пешталево
- Преспанско-пелагониска епархија
- Прилепско архијерејско намесништво
- Долненско-секиречка парохија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Црква „Пресвета Богородица“, село Пешталево“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Пресвета Богородица“ - Пешталево на Ризницата ?