Пројче Најдоски
Изглед
| Пројче Најдоски-Сокле | ||
| Роден | 1920 година Гостиражни, Македонија, како дел од Кралството СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 19 декември, 1942 година Прилепец, Македонија, како дел од Царството Бугарија | |
Пројче Вељанов Најдоски-Сокле (15.02.1920, Гостиражни — 19 декември 1942 , Прилепец) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Наместо да стапи на отслужување на воениот рок во Бугарија, се приклучил кон Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. По разбивањето на одредот за време на офанзивата на бугарската војска и полиција, Пројче најмногу му помогнал на ранетиот Владо Лапецот-Корда да заздрави, за да можат неговите соборци да го префрлат во Прилеп.
Со другите прилепски партизани заминал кај манастирот до селото Прилепец, а на 19 декември 1942 година загинал во борбата со бугарската војска и полиција.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „ПРОЈЧЕ НАЈДОСКИ-СОКЛЕ“. Олд Прилеп. 3 јануари 2013. Посетено на 22 јуни 2021.