Пројче Станкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пројче Симонов Станкоски (14 август 1924 во Гостиражни, Прилепско — 1945 во Босна) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Пројче Симонов Станкоски бил роден на 14 август 1924 година во селото Гостиражни. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил на 22 септември 1944 година. Бил борец на 15-от корпус, учествувал во борбите што ги водел корпусот на Сремскиот фронт, кај Винковци, на Сава, Вировитица и др места. Загинал во Босна во 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)