Црква „Св. Петка“ - Гостиражни
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°33′04.2″N 21°26′25.2″E / 41.551167°N 21.440333°E |
| Место | Гостиражни |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Архитектонски опис | |
Света Петка – манастирска црква на Гостирашкиот манастир.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со цилиндричка лимена купола и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а над него има полукружна ниша со вметната икона на којашто е прикажана Света Петка. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и води до олтарскиот простор. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони во различна големина.
Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од тули, додека горниот дел е отворен од сите четири страни.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез на црквата
- Јужната страна со споредниот влез
- Апсидата
- Куполата
- Внатрешноста на црквата
- Фреска на Исус Христос
- Фреска на Свети Илија
- Камбанаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Гостиражни на Ризницата ?


