Јоаким Меле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јоаким Меле
Меле во дресот на Генк во 2019 г.
Лични податоци
Полно име Јоаким Меле Педерсен[1]
Роден на 20 мај 1997(1997-05-20)(26 г.)
Роден во Естервро, Данска
Висина 1.85 м[2]
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Аталанта Аталанта
Број 3
Младинска кариера
0000–2009 Естервро
2009–2016 Олборг Олборг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2017 Олборг Олборг 24 (1)
2017–2021 Генк Генк 105 (4)
2021– Аталанта Аталанта 77 (4)
Репрезентација
2017 Данска Данска под 20 г. 1 (0)
2017–2019 Данска Данска под 21 г. 7 (2)
2020– Данска Данска 36 (9)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 мај 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 26 март 2023

Јоаким Меле Педерсен (роден на 20 мај 1997 г.) — дански професионален фудбалер кој игра како одбранбен играч за Аталанта и за данската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Олборг[уреди | уреди извор]

Роден во Остервро, Меле започнал да игра фудбал во локалниот клуб Остервро и се приклучил на младинската академија на Олборг на 12-годишна возраст.[3] На свои 19 години, Меле бил префрлен во првиот тим на клубот и исто така потпишал сениорски договор со клубот.[4] Свето деби за Олборг тој го забележал на 7 август 2016 година.[5] Тој го започнал натпреварот од клупата за резерни играчи, но го заменил Томас Еневолдсен во 89. минута од натпреварот против Норшелан во данската суперлига.

На 11 ноември 2016 година, Меле потпишал нов договор до 2020 година.[6]

Генк[уреди | уреди извор]

На 9 мај 2017 година, од Олборг го потврдиле трансферот на Меле во Генк со почеток од 1 јули 2017 година.[3] Тој бил замена за Тимоти Кастањ, кој направил трансфер во Аталанта. Меле своето деби за Генк го забележал на 29 јули 2017 година во првиот натпревар од сезоната од белгиската прва лига против Васланд-Беверен, влегувајќи од клупата за резервни играчи. Во првата сезоната во Генк, тој не бил прв избор на својата позиција, натпреварувајќи се со Клинтон Мата за место во почетниот состав. Во втората сезона, по заминувањето на Мата во Клуб Бриж, тој станал прв избор на клубот. Истата сезона, Меле прераснал во клучен играч на Генк. Со негова помош, Генк ја освоил титулата во белгиското првенство во сезоната 2018–19.

На 11 септември 2019 година, Меле го продолжил совојот договор со Генк до јуни 2023 година.[7]

Аталанта[уреди | уреди извор]

На 22 декември 2020 година, Генк го потврдил трансферот на Меле во Аталанта на пет години вреден 10 милиони евра. Тој официјално се приклучил на Аталанта на 4 јануари 2021 година.[8] Своето деби во Серија А, Меле го забележал на 6 јануари во поразот од 3–0 од Парма.[9] На 28 февруари, Меле бил асистент на гол во победата од 2–0 против Сампдорија.[10] Меле го постигнал својот прв гол за Аталанта во победата од 6–2 над Удинезе на 9 јануари 2022 година.[11]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за сениорската репрезентација на Данска, Меле го забележал на 5 септември 2020 година во натпревар од Лигата на нации против Белгија; тој го заменил Мартин Браитваите во 72. минута од натпреварот кој завршил со резултат 2–0 за Белгија.[12] Тој го постигнал својот прв на пријателскиот натпревар против Фарските Острови на 7 октомври 2020 година.

Во јуни 2021 година, тој бил вклучен во финалниот состав на Данска за Европското првенство 2020, каде што Данска стигнала до полуфиналето.[13]

На 12 октомври 2021 година, Меле го постигнал единствениот гол во победата од 1–0 над Австрија, обезбедувајќи пласман на Данска на Светското првенство 2022 во Катар.[14]

Успеси[уреди | уреди извор]

Генк Генк

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Qatar 2022™: List of Players: Denmark“ (PDF). ФИФА. 15 ноември 2022. стр. 9. Архивирано (PDF) од изворникот 18 декември 2022. Посетено на 15 ноември 2022.
  2. „Joakim Mæhle“. Atalanta B.C. Архивирано од изворникот на 22 January 2021.
  3. 3,0 3,1 AaB sælger Mæhle til KRC Genk‚ aabsport.dk, 9 мај 2017
  4. „AaB rykker seks talenter op på førsteholdet“. bold.dk. 10 јуни 2016.
  5. „NORDSJÆLLAND VS. AAB 1 - 2“. soccerway.com. 7 август 2016.
  6. „AaB giver Mæhle til 2020“. bold.dk. 11 ноември 2016.
  7. Mæhle forlænger aftalen med belgiske mestre, bold.dk, 11 септември 2019
  8. „Official: Atalanta deal for Maelhe“. Football Italia. 22 декември 2020. Посетено на 23 декември 2020.
  9. „Player - Joakim Maehle“. Lega Serie A. Архивирано од изворникот на 24 јуни 2021. Посетено на 25 март 2021.
  10. „Sampodria 0 – 2 Atalanta“. Lega Serie A. 28 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 24 јуни 2021. Посетено на 25 март 2021.
  11. „Udinese 2–6 Atalanta“. atalanta.it. 9 јануари 2022.
  12. „Denmark v Belgium game report“. УЕФА. 5 септември 2020.
  13. „26 spillere klar til EM for Danmark“ [26 players ready for the European Championship for Denmark]. Фудбалска Асоцијација на Данска (дански). 25 мај 2021. Посетено на 25 мај 2021.
  14. „Denmark captain Simon Kjaer says they "can go a long way" after qualifying for the 2022 World Cup in Qatar with a win over Austria in Copenhagen“. BBC. 12 октомври 2021. Посетено на 12 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]