Прејди на содржината

Томас Дилејни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Дилејни
Лични податоци
Роден на 3 септември 1991(1991-09-03)(35 г.)
Роден во Фредериксберг, Данска
Држава Данска Данска
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Копенхаген Копенхаген
Број 27
Младинска кариера
Копенхаген Копенхаген
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2017 Копенхаген Копенхаген 172 (19)
2017-2018 Вердер Бремен Вердер Бремен 45 (7)
2018-2021 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 62 (4)
2021-2024 Севиља Севиља 34 (2)
2023Хофенхајм Хофенхајм 6 (0)
2023-2024Андерлехт Андерлехт 25 (1)
2024- Копенхаген Копенхаген 14 (2)
Репрезентација
2008-2009 Данска Данска 18 3 (0)
2009-2010 Данска Данска 19 11 (1)
2011 Данска Данска 20 2 (0)
2010-2012 Данска Данска 21 11 (0)
2013-2024 Данска Данска 81 (8)

Томас Дилејни (роден на 3 септември 1991, во Копенхаген) — дански фудбалер, играч од средниот ред на ФК Копенхаген и поранешен дански репрезентативец (2013-2024).

Биографија

[уреди | уреди извор]

Дилејни е роден и израснал во Данска. Неговиот татко исто така е роден во Данска, но има и американско државјанство поради неговиот татко (дедото од таткото на Дилејни), кој е роден во САД.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Копенхаген

[уреди | уреди извор]

Дилејни ја започнал својата кариера играјќи за КБ, вториот тим на данскиот гигант ФК Копенхаген.

Во сезоната 2008-2009 и покрај тоа што настапувал за КБ, тој бил регистриран во списокот со играчи на ФК Копенхаген за натпреварите од Купот на Данска. Своето деби го направил во првиот натпревар од полуфиналето против Нордвест. Две недели подоцна во реваншот Дилејни играл 60 минути како стартер пред да биде заменет од Шабан Оздоган. Сезоната 2008-2009 ја завршил со само два настапи за првиот тим и двата во Купот на Данска против истиот противник.

Во летото 2009, Дилејни бил промовиран во првиот тим на Копенхаген заедно со Оздоган. На 22 јули дебитирал во европските натпреварувања со погодок во победата со 6-0 на гости над црногорскиот Могрен во квалификациите за Лигата на шампионите. Своето деби за Копенхаген во Данската Суперлига го направил на 9 август 2009 во победата со 1-0 над Сендерјуск влегувајќи како доцна замена на местото на Атиба Хатчинсон на самиот крај на натпреварот. Својата прва сезона како професионален фудбалер ја завршил со 12 настапи (9 во лигата, 2 во купот и еден во квалификациите за Лигата на шампионите) и 1 постигнат гол, но и со првиот освоен трофеј во кариерата откако Копенхаген триумфирал во данското првенство.

Дилејни со Копенхаген во октомври 2013

Во текот на следната сезона бројот на настапи на Дилејни се зголемил на 20 (16 во лигата, 2 во купот и 2 во Лигата на шампионоите) придонесувајќи повеќе во однос на мината сезона за освојувањето на првенствената титула. Својот прв гол во Суперлигата на Данска го постигнал на 16 мај 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Хорсенс. Тоа бил неговиот единствен погодок за таа сезона.

Во сезоната 2011-2012, Дилејни конечно се изборил да биде стартер во тимот играјќи претежно на позицијата лево крило, а поретко како внатрешен играч од средниот ред. Сепак, успешната сезона му била испресечена со повреди како онаа на мускулното влакно, a потоа и менискалното оштетување со кое се здобил во натпреварот против Лингби на 1 април 2012 поради што морал предвреме да ја заврши сезоната. Тој го пропуштил и финалето на Купот на Данска против Хорсенс во кое Копенхаген победил со 1-0. Тој се вратил во акција дури на крајот на август играјќи ги како замена од клупата последните 11 минути во победата со 1-0 на домашен терен над Лил во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

На 6 јули 2013, Дилејни го продолжил договорот со клубот до 2015 година. Исто така, пред почетокот на сезоната 2013-2014 го променил бројот на својот дрес од 27 на 8.[2] На 1 септември 2013, тој го одиргал својот 100-ти натпревар за Копенхаген против Виборг.[3] Во текот на оваа сезона бил преместен како централен играч за врска и покажал одлични перформанси во натпреварите против големи екипи како Јувентус, Реал Мадрид и Галатасарај во групната фаза од Лигата на шампионите. На 1 декември 2013, Дилејни за првпат ја носел капитенската лента на клубот во победата со 3-1 на гости кај Брондби во дербито на данското првенство.

Седум месеци подоцна тој бил назначен за регуларен капитен на тимот за сезоната 2014-2015, на возраст од само 22 години. На 16 мај 2015, Дилејни бил прогласен за играч на натпреварот во победата со 3-2 по продолженија над Вестшелан во финалето на Данскиот куп.

На 27 септември 2016, Дилејни постигнал прекрасен погодок со волеј удар од преку 25 метри оддалеченост во победата со 4-0 над Брухе во Лигата на шампионите.[4] Голот влегол и во изборот за најдобар гол за сезоната во Лигата на шампионите и завршил на третото место.[5]

Вкупно за Копенхаген Дилејни одиграл 246 натпревари на кој постигнал 24 гола, освојуваќи 4 шампионски титули во данското првенство (2009–2010, 2010–2011, 2012–2013 и 2015–2016) и 3 Купа на Данска (2011–2012, 2014–2015 и 2015–2016).

Вердер Бремен

[уреди | уреди извор]

На 17 август 2016 година, Вердер Бремен објави дека Дилејни ќе му се приклучи на клубот во јануари 2017 година.[6][7] Своето деби во Бундеслигата го направил на 21 јануари 2017, играјќи го целиот натпревар против Борусија Дортмунд во поразот на неговиот тим на домашен терен со 1-2. На 18 февруари 2017 година, го постигна својот прв гол за клубот, од слободен удар, во победата на Вердер Бремен со 2-0 над Мајнц 05 пред да биде изваден од игра во 54-тата минута поради сомневање дека се здобил со потрес на мозокот. Тоа била прва победа на клубот во новата календарска година по четири порази во низа.[8] На 1 април 2017 година, Дилејни постигнал хет-трик, прв во својата кариера, во победата на Вердер Бремен со 5-2 против Фрајбург.[9] Сезоната ја завршил со 13 настапи и 4 гола за Вердер сите во лигата, помагајќи му на клубот да заврши на 8-мото место во Бундеслигата.

На почетокот на сезоната 2017-2018, поради повредите на Златко Јунузовиќ и Никлас Моисандер Дилејни бил назначен за капитен на Вердер во победата против Вурцбургер Кикерс со 3-0 во првото коло од Купот на Германија. Тој продолжил да биде капитен и во првите пет натпревари на Вердер во лигата, сè до шестото коло кога во тимот се вратил Моисандер. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 10 септември 2017 во ремито 1-1 на гости кај Херта Берлин.[10]

Борусија Дортмунд

[уреди | уреди извор]

На 7 јуни 2018, Дилејни потпишал четиригодишен договор со Борусија Дортмунд. Сумата која ја добил Вердер Бремен за трансферот на данецот изнесувала 20 милиони евра.[11][12]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Дилејни одиграл 3 натпревари за данската репрезентација под 18 години и 11 за репрезентацијата под 19 години, за која исто така постигнал и еден гол. На 11 август 2010 дебитирал за репрезентацијата под 21 година во пријателски натпревар против врсниците од Италија.

На 1 јуни 2011 година бил повикан да учествува на Европското првенство за играчи под 21 година,[13] но не забележал ниту еден настап на турнирот.

На 15 октомври 2013 дебитирал за сениорската репрезентација во победата со 6-0 над Малта во квалификациите за Светското првенство 2014.[14] Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 1 септември 2014, во победата со 4-0 над Полска во квалификациите за Светското првенство 2018.[15] Само три дена подоцна, во следниот квалификациски натпревар тој постигнал хет-трик во победата со 4-1 на гости против Ерменија.[16]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Данска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-10-2013КопенхагенДанска Данска6 – 0Малта МалтаКвал. за СП 2014-заменет 60'
25-03-2015ОрхусДанска Данска3 – 2САД САДПријателска-влегол во игра 46'
29-03-2015Сен ДениФранција Франција2 – 0Данска ДанскаПријателска-влегол во игра 88'
07-09-2015ЕреванЕрменија Ерменија0 – 0Данска ДанскаКвал. за Евро 2016-влегол во игра 56'
09-02-2015КопенхагенДанска Данска2 – 2Шведска ШведскаКвал. за Евро 2016 (Бараж)-заменет 46'
24-03-2016ХернингДанска Данска2 – 1Исланд ИсландПријателска-добил жолт картон во 40-тата минута 40'
29-03-2016ГлазговШкотска Шкотска1 – 0Данска ДанскаПријателска-
03-06-2016ТојотаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина2 – 2 прод.
(6-5 пен.)
Данска ДанскаКирин Куп-заменет 46'
07-06-2016СуитаБугарија Бугарија0 – 4Данска ДанскаКирин Куп-влегол во игра 70'
31-08-2016ХорсенсДанска Данска5 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнПријателска-
04-09-2016КопенхагенДанска Данска1 – 0Ерменија ЕрменијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 81'
08-10-2016ВаршаваПолска Полска3 – 2Данска ДанскаКвал. за СП 2018-влегол во игра 82'
11-10-2016КопенхагенДанска Данска0 – 1Црна Гора Црна ГораКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 90-тата минута 90'
11-11-2016КопенхагенДанска Данска4 – 1Казахстан КазахстанКвал. за СП 2018-
26-03-2017Клуж-НапокаРоманија Романија0 – 0Данска ДанскаКвал. за СП 2018-
06-06-2017БрондбивестерДанска Данска1 – 1Германија ГерманијаПријателска-
10-06-2017АлматиКазахстан Казахстан1 – 3Данска ДанскаКвал. за СП 2018-
01-09-2017КопенхагенДанска Данска4 – 0Полска ПолскаКвал. за СП 20181добил жолт картон во 42-рата минута 42' заменет 86'
04-09-2017ЕреванЕрменија Ерменија1 – 4Данска ДанскаКвал. за СП 20183
05-10-2017ПодгорицаЦрна Гора Црна Гора0 – 1Данска ДанскаКвал. за СП 2018-
08-10-2017КопенхагенДанска Данска1 – 1Романија РоманијаКвал. за СП 2018-
11-11-2017КопенхагенДанска Данска0 – 0Ирска ИрскаКвал. за СП 2018 (Бараж)-
14-11-2017ДаблинИрска Ирска1 – 5Данска ДанскаКвал. за СП 2018 (Бараж)-
22-03-2018БрондбивестерДанска Данска1 – 0Панама ПанамаПријателска-
27-03-2018ОлборгДанска Данска0 – 0Чиле ЧилеПријателска-заменет 72'
Вкупно Настапи 25 Голови 4

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 април 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009Данска КопенхагенДСЛ00КД20КУ00---20
2009-2010ДСЛ90КД00ЛШ+ЛЕ1[17]+21[17]+0---121
2010-2011ДСЛ161КД20ЛШ20---201
2011-2012ДСЛ191КД10ЛШ+ЛЕ3[18]+40+0---271
2012-2013ДСЛ211КД30ЛШ+ЛЕ2[19]+60+0---321
2013-2014ДСЛ323КД50ЛШ60---433
2014-2015ДСЛ272КД61ЛШ+ЛЕ4[20]+50+0---423
2015-2016ДСЛ295КД51ЛЕ40---386
2016-јан. 2017ДСЛ196КД00ЛШ11[21]2[22]---308
Вкупно Копенхаген17219242503--24624
јан. - јун. 2017Германија Вердер БременБЛ134---------134
2017-2018БЛ282КГ40------322
Вкупно Вердер Бремен41640----456
Вкупно во кариерата21325282503--29130

Хет-трикови

[уреди | уреди извор]

Данска ФК Копенхаген

[уреди | уреди извор]
  1. DELANEY DISCUSSES AMERICAN ROOTS Архивирано на 2 февруари 2017 г., Yanks Abroad, 11 April 2012
  2. Thomas Delaney forlænger til 2015, ФК Копенхаген, 6 јули 2013
  3. Thomas Delaney på A-landsholdet fck.dk
  4. „Delaney stunner helps Danish champions canter to victory - beIN SPORTS“.
  5. UEFA.com. „Observers' choice: goals of the #UCL season“.
  6. „Thomas Delaney to move to Werder in the winter“. Werder Bremen. 17 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 17 August 2016.
  7. Walsh, Jonathan (17 August 2016). „Delaney delight at Werder move“. VAVEL. Посетено на 17 August 2016.
  8. „Bremen bounce back at Mainz“. Bundesliga. 18 February 2017. Архивирано од изворникот на 2017-02-19. Посетено на 18 February 2017.
  9. „Thomas Delaney treble boosts Werder Bremen“. Bundesliga. 1 April 2017. Архивирано од изворникот на 2018-06-12. Посетено на 1 April 2017.
  10. „Hertha Berlin-Werder Bremen 1-1 (1-0)“. Bundesliga. 10 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2017-09-14. Посетено на 18 април 2018.
  11. „Delaney wechselt für 20 Millionen Euro zum BVB“. kicker Online (германски). 7 June 2018. Посетено на 7 June 2018.
  12. „Borussia Dortmund verpflichtet Thomas Delaney“ (германски). 7 June 2018. Посетено на 7 June 2018.
  13. Danimarca: Delaney c'è, Kjær no Uefa.com
  14. „Danimarca-malta 6-0“. Eu-football.info (англиски). Посетено на 31 март 2016.
  15. Denmark-Poland 4-0 transfermarkt
  16. „Tomas napast! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 4 септември 2017. Посетено на 16 април 2018.
  17. 1 2 1 во квалификациските рунди.
  18. 3 настапи во квалификациските рунди.
  19. 2 настапи во квалификациските рунди.
  20. 4 настапи во квалификациските рунди.
  21. 5 настапи во квалификациските рунди.
  22. 1 гол во плејофот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]