Хернинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хернинг
Панорама од Хернинг
Панорама од Хернинг
Грб на Хернинг
Грб
Хернинг се наоѓа во Данска
Хернинг
Координати: 56°08′ СГШ 8°59′ ИГД / 
Држава Данска Данска
Регион Средна Данска
Управа
 • Градоначалник Ларс Краруп
Површина
 • Вкупна 1.323,5 км2
Население (2012)
 • Вкупно 46.873
Часовен појас Средноевропско време (UTC+1)
Мреж. место http://www.herning.dk/

Хернинг е значаен град во Данска, поточно во западниот дел на држвата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Средна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Хернинг. Денес Хернинг има 46.873 жители (од 1 јануари 2012)[1] во градот и околу 86.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Хернинг се наоѓа во западниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 310 километри северозападно.

Релјеф: Градот Хернинг се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 40 до 55 метри.

Клима: Климата во Хернинг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хернинг се формирал во внатрешноста на Данска. Градот исто така нема излез на река, а во околината на градот има многу мали езерца, кои денес најмногу се користат во турустички цели.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Хернинг било населено уште во времето на праисторијата. Населбата прв пат се споменува во 1579 година, но се до 19 век тоа претставувало село. Дури тогаш, со развој на текстилната индустрија, населбата почнала да расте, а во 1913 Хернинг ги стекнал градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Хернинг има 46.873 жители во градските граници и околу 86.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Хернинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика

Надворешни врски[уреди | уреди извор]