Момчило Вукотиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Момчило Вукотиќ во 1975 г.

Момчило Вукотиќ (Белград, 2 јуни 1950 - Белград, 3 декември 2021) бил југословенски и српски фудбалер, а подоцна и фудбалски тренер.

Заедно со Стјепан Бобек, тој бил еден од најдобрите фудбалери во историјата на екипата на ФК Партизан,[1] за кој одиграл приближно 800 натпревари (рекорд кој бил со важност од 34 години).

Кариера[уреди | уреди извор]

Момчило Моца Вукотиќ бил роден на 2 јуни 1950 година во Белград од татко Александар (1923–1987) и мајка Бисерка (1927–2008). Во екипата на Партизан дошол на дванаесет годишна возраст. Откако ги поминал сите селекции на „црно-белите“, во 1968 година станал првотимец, играјќи во напаѓачкото трио како еден од најистакнатите фудбалери и најзаслужните членови на тимот. Во „црно-белиот“ дрес трипати го освојувал југословенското првенство: 1976, 1978 и 1983 година.

Од месец јули 1978 до месец јули 1979 година тој настапувал во францускиот прволигаш Бордо. Кариерата ја завршил во сезоната 1983/84 и на 1 јуни 1984 година бил именуван за технички тренер на екипата на ФК Партизан.

Вукотиќ долго време бил рекордер во екипата наПартизан по бројот на одиграни натпревари во „црно-белиот“ дрес, со вкупно 791 одигран натпревар и 339 постигнати гола, но во 2018 година бил престигнат од фудалерот Саша Илиќ.[2]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Покрај 11 натпревари (и четири гола) за помладата селекција (1967-1968) и 12 натпревари (и три гола) за младинската репрезентација (1969-1974), тој одиграл и 14 натпревари и постигнал четири гола за сениорската репрезентација на Југославија. Својот прв натпревар го имал на 20 септември 1972 година против селекцијата на Италија (1:3) во Торино, постигнувајќи го единствениот гол за репрезентацијата на Југославија. Збогувањето со дресот со државниот грб го имал на 4 октомври 1978 година на натпреварот против селекцијата на Шпанија (1:2) во Загреб.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Момчило Вукотиќ бил еден од најдобрите и најзаслужните фудбалери кои го носеле дресот на екипата на Партизан, па добил можност да биде првиот стручњак на „црно-белите“ во сезоната 1988-89. Подоцна, три сезони како стручњак го водел грчкиот состав Панионис, а во 1992 година заминал на Кипар и ги водел клубовите на Аполон од Лимасол, Саламис и Етникос, а подоцна и репрезентацијата на Кипар. Во месец јануари 2006 година, Вукотиќ го презел романскиот клуб Фарул, но по лошите резултати на почетокот на сезоната 2006/07 добил отказ, а од месец октомври 2006 до месец јануари 2007 година бил тренер на солунскиот клуб ПАОК. Од 2008 до 2009 година тој бил на чело на грчкиот тим Левадијакос.

Смртта[уреди | уреди извор]

Момчило Вукотиќ починал на 3 декември 2021 година во Белград, по кратко и тешко боледување.[3]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Партизан (како играч)[уреди | уреди извор]

  • Освоено е Југословенско првенство (3): 1975/76, 1977/78, 1982/83.

Партизан (како тренер)[уреди | уреди извор]

  • Освоен е Купот на Југославија (1): 1988/89.
  • Освоен е Суперкупот на Југославија (1): 1989 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Последњи поздрави Моци Вукотићу: Отишао највећи у историји Партизана“. www.rts.rs. Посетено на 2021-12-03.
  2. „JUBILEJ LEGENDE PARTIZANA Saša Ilić odigrao 800. meč u crno-belom dresu“. Blic. 8. 2. 2017. Посетено на 8. 9. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Преминуо Момчило Моца Вукотић“. rts.rs. Посетено на 3. 12. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]