Трој Дини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трој Дини
Troy Deeney 141028.jpg
Лични податоци
Полно име Трој Матју Дини[1]
Роден на 29 јуни 1988 (1988-06-29) (30 г.)[2]
Роден во Бирмингем, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001830000001,83 м[3]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вотфорд Вотфорд
Број 9
Младинска кариера
Астон Вила Астон Вила
Flag of None.svg Челмсли Таун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2010 Волсол Волсол 123 (27)
2006–2007Хејлсовен Таун Хејлсовен Таун 10 (8)
2010– Вотфорд Вотфорд 313 (107)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Трој Матју Дини (роден во Бирмингем, 29 јуни 1988) е англиски фудбалер, напаѓач на Вотфорд.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дини е роден во Бирмингем, Западен Мидлендс,[2] а израснал во Челмсли Вуд. Тој е едно од трите деца родени од неговите родители, кои се разделиле кога тој имал 11 години. Тој бил избркан од училиште кога имал 14 години, пред да се врати на 15 години. На возраст од 16 години го напуштил училиштето без никаков GCSE и започнал да се обучува за ѕидар, заработувајќи 120 фунти неделно.[4]

На 25 јуни 2012 година, Дини бил осуден на десет месеци затвор заради удирање на човек со глава за време на тепачка.[5][6] Тој бил ослободен откако отслужил речиси три месеци од казната, покажувајќи дека се кае за постапката и поради фактот дека ова му било прво кривично дело. Од неговото ослободување од затвор во 2012 година, тој заработил GCSE од англиски јазик, наука и математика.[4]

Дини е оженет и има син, Милс, и ќерка, Амелија.[7] Неговиот брат, Елис, е полу-професионален фудбалер, и за разлика од Трој е играч од средниот ред. Елис ја започнал својата кариера во Астон Вила, каде што бил капитен на нивниот академиски тим пред да биде отпуштен, а потоа играл за Кетеринг Таун, Хинкли Јунајтед, Ворчестер Сити и Тамворт.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Волсол[уреди | уреди извор]

Дини бил повикан од академијата на Астон Вила да учествува на четиридневна летна проба на возраст од 15 години со цел да заработи младински договор; сепак, тој ги пропуштил првите три дена "знаејќи дека во последниот ден ќе има натпревар" и не му бил понуден договор од страна на Вила.[8] Откако се приклучил на Челмсли Таун, тој бил воочен од главниот скаут на Волсол, Мик Халсал, кој присуствувал на натпреварот на кој настапил Дини, бидејќи исто така играл и неговиот син. Иако во тој натпревар Дини играл пијан, тој успеал да постигне седум гола во победата со 11-4. Веднаш потоа на Дини му била понудена проба во тогашниот клуб од Лига Два.[4] Откако официјално потпишал за Волсол на 18 декември 2006 година, Дини веднаш бил испратен на позајмица во Хејлсовен Таун за остатокот од сезоната 2006-2007.[9]

По враќањето од заем, тој го постигнал својот прв официјален гол за Волсал против Милвол во победата од 2-1 во септември 2007 година.[10] Сепак, овој гол се покажал како негов единствен за сезоната 2007-2008, а и следната сезоната 2008-2009 започнала слично, со тоа што тој успеал да постигне само два гола во првата половина од сезоната. Сепак, назначувањето на Крис Хатчингс како менаџер се совпаднало со пронаоѓањето на голгетерската форма од страна на Дини. Помогнат од фактот дека неговиот нов менаџер почнал да го користи на неговата омилена позиција, наместо на позицијата десно крило како претходниот менаџер Џими Мулен, Дини постигна девет гола во првите 12 натпревари под водство на Хатчингс.[9][11] На 9 септември 2009, Дини потпишал нов двегодишен со Волсол во трајност до 2011 година.[12] Во сезоната 2009-2010, Дини постигнал 14 гола и завршил како најдобар стрелец на Волсал за сезоната по што му била доделена и наградата за Играч на годината на клубот.[13]

Вотфорд[уреди | уреди извор]

2010–2012: Пробивот[уреди | уреди извор]

Дини (лево) играјќи за Вотфорд во 2012

На 4 август 2010 година, Дини поднел писмено барање за трансфер поради интересот за него од неколку клубови од Чемпионшип лигата. Одговорот на клубот бил дека доколку сакал да замине требало да го напушти Волсал порано во текот на летото, поради што тој започнал слабо да тренира и да не се труди доволно за време на пред-сезонските подготовки во знак на протест поради тврдиот став на клубот кој не сакал да го продаде.[4] Два дена подоцна тој потпишал за Вотфорд, за почетна сума од 250.000 фунти (што подоцна се зголемила до 500.000 фунти) потпишувајќи двегодишен договор со кој ја подигнал платата од 1.200 фунти на 6.000 фунти неделно.[4] Веќе истиот ден во кој Дини потпишал за Вотфорд, тој го имал и своето деби за клубот во нивната победа со 3-2 над Норич Сити на отворањето на сезоната, влегувајќи во игра на местото на Марвин Сордел во второто полувреме.[14] На почетокот на својата кариера во Вотфорд Дини наишол на проблеми во својата физичка подготвеност во споредба со неговите соиграчи, што било резултат на неговата слаба пред-сезонска подготовка.[4] Тој го постигнал својот прв гол за Вотфорд против Нотс Каунти во првиот круг на Лига купот на 24 август.[15] Во својата прва сезона Дини одиграл 40 натпревари за Вотфорд во лигата и куповите, постигнувајќи три гола, иако главно бил поставен како крило од страна на менаџерот Малки Макеј.[16]

На почетокот на сезоната 2011-2012, Дини првично тешко се здобивал со шанса да игра во почетната постава, бидејќи најголемиот дел од натпреварите во почетокот на сезоната ги започнал влегувајќи од клупата за резерви.[4] Сепак, во средината на октомври кога Андреас Вајман, кој бил на позајмица во Вотфорд од Астон Вила, бил повикан да се врати назад во својот матичен клуб за Дини се отворило место во стартната постава како партнер во нападот на Вотфорд на Сордел. Тој собрал вкупно 46 настапи под раководство на менаџерот Шон Дајч, играјќи на својата најпосакувана позиција како напаѓач.[17][18] Дини ја завршил сезоната како најдобар стрелец во Вотфорд со 12 гола во сите натпреварувања, а исто така ја освоил наградата за Гол на сезоната за неговиот погодок против Ипсвич Таун во март 2012 година.[19]

2012-2015: Плоден стрелец[уреди | уреди извор]

Дини го направил своето прво појавување за Вотфорд, по неговото ослободување од затвор, против Бристол Сити на Викариџ Роуд на 22 септември 2012 година. Натпреварот завршил 2-2, а Дини влегол во второто полувреме и ја погодил стативата.[20] Во следниот натпревар против Хадерсфилд Таун на 29 септември, и го постигнал победничкиот гол со удар од белата точка во победата со 3-2.[21] На 16 февруари 2013, тој постигнал два гола во победата со 4-0 над Бирмингем Сити.[22]

Во март 2013, Дини потпишал нов договор со Вотфорд, кој го задржал во клубот до 2016.[23]

На 20 април 2013, Дини постигнал нови два гола во победата со 4-0 над Блекбурн Роверс, поставувајќи свој личен рекорд од 18 гола за една сезона.[24] Шест дена подоцна, тој го постигнал својот 19-ти гол за сезоната во следниот натпревар против Лестер Сити, постигнувајќи го првиот гол во важната победа за Вотфорд со 2-1.[25]

На 12 мај 2013 година, Ватфорд повторно се соочил со Лестер Сити во полуфиналето на плејофот за промоција во Премиер лигата. Во вториот натпревар игран на Викариџ Роуд, Дини постигнал гол во седмата минута од судиското продолжение со кој го одвел својот тим на во финалето на плејофот на Вембли во еден од најдрамартичните натпревари во англсикиот фудбал; откако најпрво Мануел Алмуниjа му одбранил пенал Антони Нокер, Вотфорд организирал брз контранапад кој бил завршен со голот на Дини со кој Вотфорд победил со 3-1 и на тој начин ја анулирале негативата од првиот натпревар (1-0 за Лестер) и избориле пласман во финале. Сепак, во финалето Вотфорд бил поразен од Кристал Палас по продложенија со што останале без промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал.[26]

Дини во 2015

Откако постигнал 20 гола во сезоната 2012-2013, Дини продолжил таму каде што застанал постигнувајќи го единствениот гол за Вотфорд во победата со 1-0 на гостувањето кај Бирмингем Сити во првиот натпревар од сезоната 2013-2014.[27] Една недела подоцна на 10 август, Дини постигнал хет-трик за Вотфорд во победата со 6-1 над Борнмут на Викариџ Роуд. Со тоа тој станал првиот играч на Хорнетс кој постигнал хет-трик уште од Мајкл Чопра во 2003 година, и првиот што го направил тоа на Викариџ Роуд уште од Дејвид Коноли на 7 декември 1996 година. Тоа, исто така, бил и првиот хет-трик во кариерата на Дини.[28]

Со двата гола против Шефилд Венздеј на 29 март 2014 година, Дини стигнал до бројката од 20 гола за сезоната 2013-2014. Тој станал првиот играч на Вотфорд кој постигна 20 или повеќе голови во сите натпреварувања во две последователни сезони, уште од Лутер Блисет во 1983 година.[29] Со новиот гол, во ремито 1-1 против Барнли на 5 април 2014, дошол нов рекорд како Дини станал првиот играч на Вотфорд кој постигнал 20 првенствени голови во две последователни сезони по Клиф Холтон кому му успеало ова во 1961 годината.[30]

Фантастичната сезона напаѓачот на Вотфорд ја завршил со 25 гола во сите натпреварувања по што освоил две награди за Играч на сезоната на Вотфорд како и за Играч на годината во избор на играчите на 2 мај 2014 година.[31]

По заминувањето на Мануел Алмунија, Дини бил назначен за капитен на Ватфорд од менаџерот Џузепе Санино пред почетокот на сезоната 2014-2015.[32] На 5 декември 2014, тој го постигнал својот втор хет-трик во кариерата во победата со 5-0 на гостувањето кај Фулам. За време на сезоната 2014-2015 во Чемпионшип лигата, Дини му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата постигнувајќи 21 гол со кој завршил на делба на второто место на листата на стрелците (со Џордан Роудс) со 6 гола помалку од стрелецот на сезоната Дерил Марфи од Ипсвич. Тој исто така станал првиот играч во историјата на Вотфорд кој постигнал 20 или повеќе гола во три последователни сезони (2012-2013, 2013-2014, 2014-2015).

2015–денес: Годините во Премиер лигата[уреди | уреди извор]

На 8 август 2015, Дини го направил своето деби во Премиер лигата, излегувајќи како капитен на Хорнетс во нивното отварање на сезоната 2015–2016, во ремито 2–2 со Евертон на Гудисон Парк.[33] На 24 октомври, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера, кога Вотфорд го поразил Стоук Сити со 2-0 на Британија.[34] На 21 ноември, Дини постигнал гол од пенал против Манчестер Јунајтед во 87-тата минута за да се изедначи; веднаш по тоа, тој постигнал автогол гол во 90-тата минута за да му помогне на Манчестер Јунајтед сепак да обезбеди победа од 2-1 над Вотфорд во драматична промена на настаните на Викариџ Роуд.[35] Дини ја продолжил својата гол-серија на пет од шест натпревари постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 против Норич Сити на 5 декември 2015 година.[36] На 13 февруари 2016, Дини за прв пат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар од Премиер лигата, во победата на гостувањето кај Кристал Палас со 2-1.[37] Сезоната 2015-2016 ја завршил со 38 настапи и 13 гола во првенството и уште 2 гола во 5 настапи во куповите.

На 1 јули 2016, Дини потпишал нов петгодишен договор со Вотфорд.[38] Својата голгетерска сметка за сезоната 2016-2017 ја отворил на 10 септември, во камбек победата со 4-2 над Вест Хем Јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон.[39] На 26 декември 2016, Дини го постигнал својот 100-ти гол во дресот на Вотфорд во сите натпреварувања со успешно реализираниот пенал во ремито 1–1 на домашен терен против Кристал Палас, завршувајќи ја својата серија од 10 натпревари без постигнат гол. Тој станал тек петтиот играч во историјата со трицифран број на голови за Хорнетс.[40] Сезоната 2016-2017 ја завршил со 40 настапи и 10 гола (сите во Премиер лигата) во сите натпреварувања.

Сезоната 2017-2018 Дини ја започнал повреден, пропуштајќи ги првите два натпревари во сезоната: ремито 3-3 на домашен терен против Ливерпул поради повреда на препоните и победата со 2-0 на гостувањето кај Борнмут во кое не влегол во игра иако бил на клупата за резервни играчи. Својот прв гол за сезоната го потигнал 14 октомври 2017, помагајќи му на Вотфорд најпрво да израмни со неговиот гол од пенал, а потоа преку Том Клеверли и да направи целосен пресврт и дојде до голема победа над Арсенал со 2-1 на Викариџ Роуд. На 24 февруари 2018, Дини го постигнал единствениот гол во натпреварот против Евертон во победата на домашен терен со 1-0, а една недела подоцна на 3 март 2018, против Вест Бромвич Албион на истиот стадион му донел донел нова победа на својот тим со истиот резултат 1-0. Сезоната 2017-2018 ја завршил со 31 настап и 6 гола во сите натпреварувања.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 19 септември 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007 Англија Волсол ФЛ2 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - 1 0
2007-2008 ФЛ1 35 1 ФАКуп+ЛК 4+0 0 - - - ФЛТ 1 0 40 1
2008-2009 ФЛ1 45 12 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - ФЛТ 2 0 49 12
2009-2010 ФЛ1 42 14 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - ФЛТ 1 0 46 14
Вкупно Волсол 123 27 9 0 - - 4 0 136 27
2010-2011 Англија Вотфорд ЧЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 2+2 0+1 - - - - - - 40 3
2011-2012 ЧЛ 43 11 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 46 12
2012-2013 ЧЛ 40+2[41] 19+1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 43 20
2013-2014 ЧЛ 44 24 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 48 25
2014-2015 ЧЛ 42 21 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 43 21
2015-2016 ПЛ 38 13 ФАКуп+ЛК 2+0 1+0 - - - - - - 40 14
2016-2017 ПЛ 37 10 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 40 10
2017-2018 ПЛ 29 5 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 31 6
2018-2019 ПЛ 4 2 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 4 2
Вкупно Вотфорд 313+2 107+1 20 5 - - 335 113
Вкупно во кариерата 438 135 29 5 - - 4 0 471 140

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed". Premier League. 2 February 2018. конс. 17 February 2018. 
  2. 2,0 2,1 Hugman, Barry J., уред (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Edinburgh: Mainstream Publishing. стр. 112. ISBN 978-1-84596-601-0. 
  3. "T. Deeney". Soccerway. Perform Group. конс. 14 January 2018. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Smith, Frank. „Troy Deeney speaks to Frank Smith about how he went from scoring seven times whilst drunk for Chelmsley Wood to captaining Watford into the Premier League“, 23 мај 2015 (посет. 9 декември 2015 г).
  5. Watford striker Troy Deeney sentenced to ten months in prison for affray.“, 25 јуни 2012 (посет. 25 јуни 2012 г).
  6. Watford striker Troy Deeney jailed for ten months for kicking man in head“, 26 јуни 2012 (посет. 23 септември 2012 г).
  7. Downes Jr, Wally. „Watford star Troy Deeney's summer wishlist includes a new contract, a trip to DisneyWorld and a new car-park space“, 9 мај 2016 (посет. 14 октомври 2016 г).
  8. Lansley, Peter. „Watford's Troy Deeney gloats over 'better than dream goal' at Aston Villa“, 29 ноември 2015 (посет. 14 март 2016 г).
  9. 9,0 9,1 "Player profiles: Troy Deeney". Walsall F.C. Архивирано од изворникот на 11 August 2009. конс. 24 August 2010. 
  10. "Натпревари одиграни од Трој Дини во 2007/2008". Soccerbase. Centurycomm. конс. 14 February 2016. 
  11. "Натпревари одиграни од Трој Дини во 2008/2009". Soccerbase. Centurycomm. конс. 14 February 2016. 
  12. "Deeney pens new Saddlers contract". BBC Sport. 9 September 2009. конс. 24 August 2010. 
  13. "Watford sign striker Troy Deeney from Walsall". BBC Sport. 6 August 2010. конс. 24 August 2010. 
  14. Chowdhury, Saj (6 August 2010). "Norwich 2–3 Watford". BBC Sport. конс. 7 May 2012. 
  15. "Watford 1–2 Notts County". BBC Sport. 24 August 2010. конс. 14 October 2016. 
  16. "Натпревари одиграни од Трој Дини во 2010/2011". Soccerbase. Centurycomm. конс. 14 February 2016. 
  17. "Натпревари одиграни од Трој Дини во 2011/2012". Soccerbase. Centurycomm. конс. 14 February 2016. 
  18. "Troy Deeney: Leading From The Front". Pundit Arena. 18 December 2015. конс. 14 October 2016. 
  19. "2011/12 Awards: Goal Of The Season". Watford F.C. 5 May 2012. Архивирано од изворникот на 8 May 2012. конс. 7 May 2012. 
  20. "Watford 2–2 Bristol City". BBC Sport. 22 September 2012. конс. 14 October 2016. 
  21. "Huddersfield 2–3 Watford". BBC Sport. 29 September 2012. конс. 14 October 2016. 
  22. "Birmingham 0–4 Watford". BBC Sport. 16 February 2013. конс. 14 October 2016. 
  23. "Troy Deeney: Striker commits future to Watford". BBC Sport. 8 March 2013. конс. 14 October 2016. 
  24. "Watford 4–0 Blackburn". BBC Sport. 20 April 2013. конс. 14 October 2016. 
  25. Jurejko, Jonathan (26 April 2013). "Leicester 1–2 Watford". BBC Sport. конс. 14 October 2016. 
  26. Prentki, Tom. „Watford 3 Leicester City 1 (agg 3–2): match report“, 12 мај 2013 (посет. 2 септември 2014 г).
  27. "Birmingham City 0–1 Watford". BBC Sport. 3 August 2013. конс. 14 October 2016. 
  28. "Watford 6–1 Bournemouth". BBC Sport. 10 August 2013. конс. 14 February 2016. 
  29. Matthews, Anthony. „Troy Deeney scores 20 goals for second consecutive season as Watford end 14-match winless streak on road at Sheffield Wednesday“, 29 март 2014 (посет. 12 април 2014 г).
  30. Matthews, Anthony. „Scott Arfield cancels out early Troy Deeney strike as Burnley earn potentially priceless point at Watford“, 5 април 2014 (посет. 12 април 2014 г).
  31. "DEENEY: "A Real Honour"". Watford F.C. 8 May 2014. Архивирано од изворникот на 17 May 2014. конс. 19 May 2016. 
  32. Smith, Frank. „Watford name Leicester City and Burnley transfer target Troy Deeney as captain“, 23 јули 2014 (посет. 15 февруари 2016 г).
  33. "Everton 2–2 Watford". Sky Sports. 8 August 2015. конс. 14 October 2016. 
  34. Chowdhury, Saj (24 October 2015). "Stoke City 0–2 Watford". BBC Sport. конс. 14 October 2016. 
  35. Calvin, Michael. „Watford vs Manchester United match report: Troy Deeney own goal gets United out of jail after late penalty“, 21 ноември 2015 (посет. 14 октомври 2016 г).
  36. Chowdhury, Saj (5 December 2015). "Watford 2–0 Norwich City". BBC Sport. конс. 14 October 2016. 
  37. Oscroft, Tim. „Crystal Palace 1–2 Watford“, BBC, 13 февруари 2016 (посет. 9 јуни 2017 г).
  38. "Troy Deeney, Isaac Success & Christian Kabasele agree Watford deals". BBC Sport. 1 July 2016. конс. 14 October 2016. 
  39. Woodcock, Ian (10 September 2016). "West Ham United 2–4 Watford". BBC Sport. конс. 14 October 2016. 
  40. Henry, Matthew (26 December 2016). "Watford 1–1 Crystal Palace". BBC Sport. конс. 26 December 2016. 
  41. Плејоф.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]