Абдулаје Дукуре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абдулаје Дукуре
Stade rennais - Le Havre AC 20150708 40.JPG
Лични податоци
Полно име Абдулаје Дукуре[1]
Роден на 1 јануари 1993 (1993-01-01) (29 г.)
Роден во Мелан-ан-Ивлин, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 16
Младинска кариера
Flag of None.svg Ле Муро
Рен Рен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2013 Рен 2 Рен 2 23 (2)
2012-2016 Рен Рен 75 (12)
2016-2020 Вотфорд Вотфорд 129 (17)
2016Гранада Гранада 15 (0)
2020- Евертон Евертон 36 (4)
Репрезентација
2009-2010 Франција Франција 17 19 (1)
2010 Франција Франција 18 5 (1)
2011-2012 Франција Франција 19 7 (0)
2012-2013 Франција Франција 20 3 (1)
2014 Франција Франција 21 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Абдулаје Дукуре (роден на 1 јануари 1993, во Мелан-ан-Ивлин) е француски фудбалер, играч од средниот ред на Евертон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дукуре е роден во Мелан-ан-Ивлин, Франција,[2] од родители со потекло од Мали. Неговиот братучед Лаџи Дукуре е француски атлетичар.[3]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Играч од средниот ред познат по својата физичка сила и борбеност.[4] Има добри способности за уфрлувања во празен простор од втор план без топка и е многу силен во двобоите со противничките играчи како и во играта во воздухот,[5] поради што најмногу му одговара позицијата box-to-box.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рен[уреди | уреди извор]

Како продукт на академијата на фудбалскиот клуб Рен, Дукуре ги минал сите младински категории во клубот.[6] Своето деби за првиот тим на Рен го направил во завршницата од сезоната 2012-2013, започнувајќи како стартер во победата со 2-0 на гостувањето кај Брест во натпревар одигран на 27 април 2013. Уште на своето деби, во 28-мата минута од споменатиот натпревар, Дукуре го постигнал својот прв погодок во дресот на Рен што бил и неговиот прв професионален погодок во кариерата.

Следната сезона, тој играл многу поредовно и постигнал 6 голови на 20 првенствени натпревари, вклучувајќи го и оној на Велодром со кој го одлучил победникот во натпреварот против Олимпик Марсеј.

Дресот на Рен го носел до 2016 година, забележувајќи вкупно 92 настапи и 16 голови.

Гранада и Вотфорд[уреди | уреди извор]

На 1 февруари 2016 година, Дукуре потпишал договор со англискиот премиерлигаш Вотфорд за необјавена сума и веднаш отишол на позајмица во шпанската Гранада.[7] Тој го направил своето деби во Ла Лига една недела подоцна, влегувајќи како замена во 80-тата минута на местото на Адалберто Пењаранда во поразот на домашен терен со 1–2 од Реал Мадрид.[8] Сезоната ја завршил со 15 настапи за Гранада во шпанското првенство без ниту еден постигнат гол.

Во летото 2016 година, откако позајмицата во Шпанија му истекла тој се вратил во екипата на Вотфорд. Своето деби во Премиер лигата го направил на 20 август 2016 во поразот со 1-2 на домашен терен од Челси, појавувајќи се во игра од клупата за резерви на местото на неговиот сонародник и стрелецот на голот за Вотфорд во тој натпревар Етјен Капу. Дукуре го постигнал својот прв гол за Вотфорд на 4 март 2017 година, длабоко во судиското продолжение, но тој не им помогнал на стршлените да го избегнат поразот (3–4) на Викариџ Роуд од Саутхемптон.[9]

Сезоната 2017–2018, Дукуре ја завршил како најдобар стрелец на Вотфорд во Премиер лигата со 7 постигнати гола и бил избран за клупски "Играч на сезоната".[10] Следната сезона тој постигнал 5 гола и додал уште четири една година подоцна за време на сезоната во која Вотфорд го загубил прволигашкиот статус и испаднал во Чемпионшип.[11]

Евертон[уреди | уреди извор]

На 8 септември 2020 година, Дукуре потпишал за Евертон откако клубот го договорил неговиот трансфер од Вотфорд за необјавена сума, за која се верувало дека изнесува околу 20 милиони фунти.[12] Тој потпишал тригодишен договор со опција за четврта сезона.[13] Пет дена по комплетирањето на трансферот, Дукуре го направил своето деби за Евертон за време на првиот натпревар на карамелите во сезоната 2020–2021, во кои тие оствариле победа со 1–0 на гостувањето кај Тотенхем.[14] Дукуре го постигнал својот прв гол за Евертон со моќен удар со глава во победата со 3–2 на гости против Фулам на 22 ноември 2020 година во натпревар во Премиер лигата.[15] Својот втор гол го постигнал против Манчестер Јунајтед во ремито 3–3 на 6 февруари 2021 година на Олд Трафорд.[16] На 12 март, менаџерот на Евертон Карло Анчелоти објавил дека Дукуре се здобил со фрактура на стапалото за време на тренинг, поради што ќе отсуствува од терените од 8-10 недели. Анчелоти, исто така, додал дека се надева дека Дукуре ќе се врати во екипата пред крајот на сезоната. Своето враќање по повредата го направил на 16 мај 2021, во поразот со 1-0 на домашен терен од Шефилд Јунајтед. Првата сезона во дресот на Евертон ја завршил со 34 настапи и 3 постигнати гола во сите натпреварувања.

На почетокот на следната сезона, сега веќе под водството на новиот менаџер Рафа Бенитес, Дукуре останал редовен првотимец во Евертон и се запишал во листата на стрелците уште на отварањето на новата сезона во Премиер лигата при победата со 3-1 на Гудисон Парк над Саутхемптон.[17] Дукуре започнал како стартер во секој од првите осум натпревари на Евертон во лигата, но поради повреда на стопалото во поразот со 0-1 на домашен терен од Вест Хем Јунајтед бил приморан да паузира од терените неколку недели.[18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дукуре играл за Франција во неколку младински репрезентации: почнувајќи од под 17 до под 21 година.

Во март 2019 година, фудбалскиот сојуз на Мали го поканил Дукуре да ја претставува африканската земја на репрезентативно сениорско ниво. Тој имал право да игра за Мали, бидејќи тоа е земјата на потекло на неговите родители, но тој ја отфрлил таа можност.[19] Во февруари 2020 година, Дукуре рекол во едно интервју дека цели на место во француската репрезентација, но тој исто така останал отворен да ја претставува репрезентацијата на Мали.[20] Во септември 2020 година, Дукуре бил повикан од селекторот на Мали за претстојните натпревари против Гана на 9 октомври и Иран на 13 октомври во Турција,[21] но тој повторно го отфрлил повикот поради неговата желба да игра за Франција под водството на Дидје Дешам.[22]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 ноември 2021

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Франција Рен Л1 4 1 КФ+ЛКФ 0+0 0 - - - - - - 4 1
2013-2014 Л1 20 6 КФ+ЛКФ 6+1 0+1 - - - - - - 27 7
2014-2015 Л1 35 3 КФ+ЛКФ 3+3 2+0 - - - - - - 41 5
2015-јан. 2016 Л1 16 2 КФ+ЛКФ 2+2 0+1 - - - - - - 20 3
Вкупно Рен 75 12 17 4 - - - - 92 16
јан.-јун. 2016 Шпанија Гранада ПД 15 0 КШ 0 0 - - - - - - 15 0
2016-2017 Англија Вотфорд ПЛ 20 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 23 1
2017-2018 ПЛ 37 7 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 39 7
2018-2019 ПЛ 35 5 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 40 5
2019-2020 ПЛ 37 4 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 39 4
Вкупно Вотфорд 129 17 12 0 - - - - 141 17
2020-2021 Англија Евертон ПЛ 29 2 ФАКуп+ЛК 3+2 1+0 - - - - - - 34 3
2021-2022 ПЛ 8 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 9 2
Вкупно Евертон 37 4 6 1 - - - - 43 5
Вкупно во кариерата 256 33 35 5 - - - - 291 38

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Squads for 2016/17 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2016. Посетено на 11 September 2016.
  2. „Abdoulaye Doucoure“. Goal. 9 September 2020. Посетено на 9 September 2020.
  3. „Watford's Abdoulaye Doucouré: 'Being the second-youngest of eight has helped'. The Guardian. 3 November 2017.
  4. 4,0 4,1 „Doucouré: "Everyone Is Committed". WatfordFC (англиски). Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help); Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  5. „Ligue1, i talenti da prendere subito: Abdoullaye Doucourè“. footballscouting.it. 15 ноември 2014. Посетено на 26 март 2019.
  6. „Watford sign Abdoulaye Doucoure from Rennes in club record deal“. EuroSport. 2 February 2016. Посетено на 9 September 2020.
  7. „Watford sign Abdoulaye Doucoure and Adalberto Penaranda“. BBC Sport. 1 February 2016. Посетено на 2 February 2016.
  8. Ames, Nick (February 7, 2016). „Granada v Real Madrid: La Liga – as it happened“ – преку www.theguardian.com.
  9. „Watford 3–4 Southampton“. BBC Sport. 4 March 2017. Посетено на 5 March 2017.
  10. „End of Season Awards: Winners“. Архивирано од изворникот на 2019-03-31. Посетено на 2018-05-11.
  11. „Thank you, Abdoulaye“. DominicBaker. 2 September 2020. Посетено на 8 September 2020.
  12. „Everton transfer plans explained after Abdoulaye Doucoure, Allan and James Rodriguez signings“. Liverpool Echo. 9 September 2020. Посетено на 9 September 2020.
  13. „Everton Sign Doucoure From Watford“. Everton F.C. 8 September 2020. Посетено на 8 September 2020.
  14. „Calvert-Lewin earns Everton win at Spurs“. BBC Sport. 13 September 2020. Посетено на 13 September 2020.
  15. „Calvert-Lewin scores twice as Everton beat Fulham“. BBC Sport. 22 November 2020. Посетено на 22 November 2020.
  16. „Late Calvert-Lewin goal denies Man Utd“. BBC Sport. 6 February 2021. Посетено на 6 February 2021.
  17. „Rafael Benitez makes winning start“ (англиски). BBC sport. 14 август 2021. Посетено на 3 ноември 2021.
  18. „Abdoulaye Doucoure: Everton midfielder out with foot injury in another setback for Rafael Benitez“ (англиски). skysports. 19 октомври 2021. Посетено на 3 ноември 2021.
  19. „Abdoulaye Doucouré contacted by Mali“.
  20. „Watford's Abdoulaye Doucouré waits on French call up, but open to Mali invite“.
  21. „Mali call up Doucoure and Adama Traore for friendly internationals“. Reuters. 29 September 2020.
  22. „Abdoulaye Doucouré has rejected a call-up from Mali“. Get French Football News. 7 October 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]