Ли Карсли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ли Карсли
Lee Carsley.png
Лични податоци
Роден на 28 февруари 1974 (1974-02-28) (45 г.)
Роден во Бирмингем, Англија
Држава  Ирска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2011 - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1999 Дерби Каунти Дерби Каунти 138 (5)
1999-2000 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 47 (11)
2000-2002 Ковентри Ковентри Сити 47 (4)
2002-2008 Евертон Евертон 166 (11)
2008-2010 Бирмингем Сити Бирмингем Сити 48 (2)
2010-2011 Ковентри Ковентри Сити 25 (0)
Репрезентација
1997-2000  Ирска 40 (0)
Раководител на екипите
2012-2013 Ковентри Ковентри Сити (асистент)
2012 Ковентри Ковентри Сити (в.д.)
2013 Ковентри Ковентри Сити (в.д.)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ли Кевин Карсли (роден на 28 февруари 1974 година) е поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Во својата кариера играл во англиската Премиер лига за екипите на Дерби Каунти, Блекбурн Роверс, Ковентри Сити, Евертон и Бирмингем Сити. Иако роден во Бирмингем, Англија, тој ја претставувал Република Ирска на репрезентативно ниво.

Во јули 2011 година тој бил назначен за тренер на категоријата за играчи под-18 години на Ковентри Сити, а една година подоцна бил унапреден во тренер на резервистите.

Кариера[уреди | уреди извор]

Дерби, Ковентри и Блекбурн[уреди | уреди извор]

Карсли ја започнал својата кариера во Дерби Каунти каде што тој одиграл повеќе од 150 натпревари во сите натпреварувања.[1] Тој бил продаден на Блекбурн Роверс во март 1999 за 4.500.000 £[2] и бил нивниот најдобар стрелец во сезоната 1999-2000, неговата единствена целосна сезона за клубот. Во декември 2000 година тој се преселил во Ковентри Сити за сума од околу 3 милиони £, но по само 14 месеци со клубот тој направил нов трансфер, овој пат во Евертон за 3 милиони £.[3]

Евертон[уреди | уреди извор]

Карсли уживал во измешана среќа за време на неговите први две сезони во Евертон, но во сезоната 2004-05 тој станал повеќе од важен играч за тимот. Тој бил редовен стартер во 4-1-4-1 формацијата, играјќи во предниот дел на одбраната и како последен во средниот ред.[4]

Во декември 2004 година, Карсли постигнал победоносен погодок во 200-тото Мерсисајдско дерби помеѓу Евертон и Ливерпул.[5] Победата на Евертон привремено го одвела клубот до второто место во Премиер лигата. Тој продолжил да се претставува добро и Евертон завршил на четвртата позиција, со што добива влез во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Четири минути пред крајот на сезоната 2004-05, за време на натпреварот против Болтон, Карсли бил приморан да го напушти натпреварот поради извртување на коленото. Тој бил способен да продолжи пред стартот на пред-сезонската подготовка, но бил повреден повторно на почетокот на сезоната 2005-06 во пред-сезонски пријателски натпревар против Фенербахче, поради што бил изваден надвор од терените за уште 5 месеци.

Карсли се вратил во првиот тим на Евертон за гостувањето кај Чарлтон што завршило без голови 0-0 во април 2006 година. Тој играл и во следниот натпревар против Тотенхем и бил стартер против Челзи. Во 46-тата минута, од тој натпревар Карсли добил сомнителен директен црвен картон за прекршок над Дидје Дрогба, заработувајќи суспензија од три натпревари со што ја завршил својата сезона.

На 3 ноември 2007 година Карсли постигнал убав гол во 93-тата минута за Евертон против Бирмингем Сити носејќи му победа на Евертон откако претходно резултатот бил нерешен 1-1. Евертон на крајот победил дури со 3-1.

Бирмингем Сити[уреди | уреди извор]

Неговиот договор со Евертон требало да истече на крајот од сезоната 2007-08; а претходно тој избрал да не ја прифати понудата за продолжување, и потпишал со клубот од неговиот роден-град Бирмингем Сити во мај 2008. [6] Бидејќи капитенот на клубот Демјан Џонсон се требало да биде надвор од акција за неколку месеци поради операција на грбот, Карсли ја започнал сезоната 2008-09 како капитен.[7] На крајот на сезоната, Бирмингем избориле промоција назад во Премиер лигата, и Карсли ги победил соиграчите освојувајќи ја наградата "играч на сезоната на клубот".[8]

Во ноември 2009 година, тој бил во центарот на контроверзии во натпреварот од Премиер лигата помеѓу Бирмингем и Ливерпул на Енфилд. По неговиот прекршок над Давид Н'Гог, бил досуден пенал за Ливерпул кој Стивен Џерард го претворил во погодок за да го израмни резултатот. Карсли верува дека Н'Гог самиот намерно паднал за да изнуди пенал и тој негов гест го опишал како "срамен случај на мамење".[9] [10] По една сезона нарушена од страна на повреда, тој потврдил во април 2010 година дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.[11]

Ковентри Сити[уреди | уреди извор]

Карсли се вратил во поранешниот клуб Ковентри Сити во јули 2010 година, потпишувајќи едногодишен договор. Тој бил истотака назначен за капитен на клубот од страна на менаџерот Ејди Бутројд. Тој бил ослободен по завршувањето на неговиот договор, по што тој се пензионирал од професионалниот фудбал.

Тренерската кариера[уреди | уреди извор]

Во јули 2011 година, Карсли бил назначен за тренер на категоријата под-18 години во тимот на Ковентри Сити. Тој ги довел до второто место во ФА Премиер Академи лигата, и тогаш бил промовиран во тренер на резервистите со цел да им помогне да дојдат до првиот тим на клубот. Тој во моментов е вршител на должноста менаџер во Ковентри Сити.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lee Carsley“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 12 November 2009. 
  2. „Persistent Coventry land Carsley“. BBC Sport. 1 December 2000. конс. 12 November 2009. 
  3. „Карсли дојде во Евертон“. BBC Sport. 8 February 2002. конс. 12 November 2009. 
  4. Lawrenson, Mark (2 November 2004). „Why Everton must keep Eidur down at Bridge“. Liverpool Daily Post. конс. 17 November 2008. 
  5. „Евертон 1–0 Ливерпул“. BBC Sport. 11 December 2004. конс. 17 November 2008. 
  6. „Карсли се враќа во Бирмингем Сити“.  Unknown parameter |Url= ignored (|url= suggested) (помош); Unknown parameter |издавач= ignored (помош); Unknown parameter |Датум= ignored (помош);
  7. 10412 ~ 1347946,00 html „Jonty to have op“. конс. 21 јули 2008.  Unknown parameter |издавач= ignored (помош); Unknown parameter |датум= ignored (помош);
  8. „Gala awards night celebrates the true Blues“.  Unknown parameter |Прва= ignored (помош); Unknown parameter |Последна= ignored (помош); Unknown parameter |Датум= ignored (помош); Unknown parameter |весник= ignored (помош);
  9. football/teams/b/birmingham_city/8351713.stm „Бирмингем лути на "измамникот" Н'Гог“. конс. 9 ноември 2009.  Unknown parameter |издавач= ignored (помош); Unknown parameter |датум= ignored (помош);
  10. „David Ngog's 'embarrassing case of cheating' gets Liverpool a draw“. конс. 12 ноември 2009.  Unknown parameter |Последна= ignored (помош); Unknown parameter |Прва= ignored (помош); Unknown parameter |датум= ignored (помош); Unknown parameter |весник= ignored (помош);
  11. Lee Carsley set to leave Birmingham City“, BBC Sport, 28 април 2010 (посет. 28 април 2010 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]