Александар Литвиненко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александр Литвиненко
Роден(а)4 декември 1962
Воронеж
Починал(а)23 ноември 2006
Лондон
Причина за смрттруење
НационалностРусиnн, Британец (2006)
Вераислам

Александaр Литвиненко (4 декември 196223 ноември 2006 во Лондон) — порнешен потполковник на Руската федерална служба за сигурност (ФСБ), служител во КГБ, специјалист во борба против организиран криминал и тероризам. Откако работел за КГБ и нејзиниот наследник ФСБ, Литвиненко јавно упатувал обвинувања дека неговите шефови му издавале незаконски наредби за убиство на рускиот милијардер Борис Березовски. Литвиненко бил отстранет од агенцијата и подоцна во 1999 бил уапсен во обвиненија за пречекорување на своите овластувања при антитерористичка операција во Кострома. Тој бил ослободен од затвор еден месец подоцна откако потпишал изјава дека нема да ја напушти Русија.

Во 2000, Литвиненко нелегално емигрирал од Русија во Обединетото Кралство, каде добил политички азил и државјанство. Тогаш ги издал книгите Детонација на Русија: Внатрешен терор и ЛПГ - Лубјанската криминална група, во кои го опишува доаѓањето на власт на Путин преку државен удар, организиран од ФСБ. Клучен елемент од стратегијата на ФСБ според него било заплашување на луѓето преку детонација на станбени згради во Москва и други градови. Овие експлозии се припишуваат на чеченски терористи и служат за оправдување на кривичните акции на руските трупи во Чеченија, на тој начин Путин станал популарен во својата земја и победил на изборите за претседател. Тој исто така ја опишува во големи детали врската на ФСБ и особено на Путин со организираниот криминал. Во следните неколку години Литвиненко упатил обвинувања кон ФСБ во поддршка на тероризмот во светот, вклучувајќи и за тренинг на милитанти на Ал-Каеда во Дагестан.

На 1 ноември 2006, Литвиненко изненадувачки се разболел, по кое бил пренесен во болница и починал три недели подоцна од труење со реткиот и силно токсичен радиоактивен изотоп полониум-210. Смртта на Литвиненко, неговите врски со ФСБ и јавно му обвинение дека руската влада стои зад неговото труење, предизвикле жестоки реакции од светските медиуми. Британските служби активно истражиле неколку места со радиактивно загадување, кои се поврзани со Литвиненко, вклучувајќи и одредени авиони, патувале од Москва до Лондон и Хамбург.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Валтерович Литвиненко е роден во 1962 во Воронеж[1] . Татко му бил доктор како и неговата мајка. Тие се развеле кога Литвиненко бил на три години. Од тригодишна возраст, Литвиненко го одгледувал неговиот дедо во малиот град Наљчик, Северен Кавказ.

Во 1980, по завршување на средно образование во Наљчик, бил повикан на служба во Внатрешните сили и по една година служба бил испратен во военото училиште "Киров" во Владивосток. По завршувањето во 1985, тој бил назначен за командант на вод во полкот на Внатрешните сили кои се занимаваат со превоз на вредности.

Од 1988 започнал да работи во органите на контраразузнавање во КГБ на СССР. Во 1989 по една година обука во Новосибирското воено училиште за контраразузнавање, тој станал активен офицер и започнал служба во военото контраразузнавање до 1991.[2][3]

Од 1991 стапил во централната власт на руските специјални служби - ФСБ. Неговата специјалност била борба против тероризмот и организираниот криминал. За извршените заедно со Московската криминална полиција (МУР) операции за пронаоѓање и апсење на особено опасни криминалци ја добил титулата "Ветеран на МУР". Бил учесник во борбените дејствија во многу од жешките точки на поранешниот Советски Сојуз и Русија. Во 1997 ебил назначен во најтајнииот оддел на ФСБ - Управување на развој на криминални организации (УРПО), на должност постар оперативен соработник, заменик-началник на седмиот оддел. На него била доверена заштитата на Борис Березовски, кога Березовски станал владин службеник.

На 18 ноември 1998 одржал прес-конференција во Москва заедно со пет маскирани негови колеги, соработници на ФСБ. Тие изјавиле дека во ноември 1997 шефовите на УРПО Евгениј Хохолков и Александар Камишников наредиле на Литвиненко да го убие Борис Березовски, во тоа време заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација и близок на претседателот Борис Елцин. Литвиненко и неговите колеги одбиле да ја исполнат наредбата, по што нивните началници започнале да им се закануваат со физичка расправа за тоа што не сакале "да го убијат евреинот кој ја ограби половина земја". Две недели подоцна Литвиненко бил нападнат во близина на својот дом.

Во март 1999 Литвиненко бил уапсен под обвинение за пречекорување на овластувањата и бил затворен во Лефортово, затвор во Москва. Во ноември 1999 бил ослободен, но уште во судницата, по читањето на ослободувањето, повторно бил уапсен од ФСБ и одведен во истражниот суд на Бутирскиот затвор за второ кривично дело. Во 2000 година второто дело било прекинато од обвинителството поради недостаток на докази. Истиот ден против него било започнато трето дело, а тој повторно бил ослободен.

Поради постојаните закани од ФСБ тој нелегално ја напуштил Русија, поради кое против него било покренато четврто кривично дело. Во мај 2001 добил азил во Велика Британија, а во октомври 2006 добил британско државјанство.

Во јули 2006 година тој во својата статија "Кремълският Чикатило", во која го обвинил рускиот претседател Владимир Путин за педофилија. По ова започнал да го раследува убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

Според пријателите на Литвиненко, тој бил отруен од руската влада.

Труењето на Литвиненко[уреди | уреди извор]

На 1 ноември 2006 Литвиненко неочекувано се разболел. Во интервјуата кои ги дал, тврдел дека се сретнал во Лондон со двајца поранешни припадници на КГБ, Андреј Луговој, поранешен телохранител на поранешниот руски премиер Егор Гајдар (за кој на 24 ноември било објавено дека исто така бил отруен). Со Луговој, Литвиненко се знаел уште во времето кога работел за Березовски. Тие склучиле договор според кој Литвиненко ќе добива 20% од каков било разузнавачки материјал што тој ќе го стекне. Во меѓувреме, еден од клиентите на Литвиненко станал Титан Интернешнл, фирма за обезбедување. На еден состанок, наводно Литвиненко му дал копија од прибраните материјали на Лиговој, кое според некои било сериозна грешка. во која тој сам си ја закопал својата судбина.

На 1 ноември 2006 година, Литвиненко заедно со двајца Руси се состанал во хотелот Милениум во Лондон, Андреј Луговој и Дмитри Ковтун. Кога Литвиненко пристигнал во барот, поранешните офицери на ФСБ му понудиле алкохолен пијалак иако знаеле дека самиот тој не пиел, по кое го понудиле со зелен чај. По овој состанок, Литвиненко заминак кај своето семејство започнал да повраќа и на својата сопруга и кажал дека смета дека е отруен. Така, со полициска придружба, тој бил пренесен во Универзитетската болница во централен Лондон.

Првично лекарите претпоставиле дека се работи за вирусна инфекција. Откако лекувањето сепак се покажало неуспешно и неговата состојба продолжила да се влошува, тие се обрнале кон претпоставките на пациентот дека може да бил отруен. Првобитната претпоставка била дека се работи за труење со талиум. Подоцна еден од токсиколозите забележа дека симптомите потсетуваат на многу брзо радиоактивно зрачење, и претпоставил дека бил отруен со талин.

На 23 ноември Литвиненко починал во болница. Како причина за смртта било потврдено труење со радиоактивен полониум-210. Овој елемент реално може да се добие само од тесен круг на луѓе, во Русија.

Претсмртно писмо[уреди | уреди извор]

Би сакал да се заблагодарам на многу луѓе. На моите лекари; на сестрите и на болничкиот персонал, кои прават се што е можно за мене; на британската полиција, која го истражува мојот случај професионално и го обезбедува моето семејство. Би сакал да се заблагодарам на британската влада за тоа што ме зедоа под нивна заштита. За мене е чест да бидам британски државјанин. Би сакал да се заблагодарам на британската јавност за нивната поддршка и за тоа дека е заинтересиран за тешката состојба во која се наоѓам.нБлагодарам на мојата сопруга Марина, која беше до мене. Мојата љубов кон неа и кон нашиот син е безгранична. Додека лежам овде, можам да го слушнам удирањето на крилјата на ангелот на смртта за грбот. Можеби би можел да му побегнам, но нозете не ми трчаат толку брзо колку што би сакал. Затоа мислам дека е време да му кажам една или две работи на човекот кој е одговорен за мојата сегашна состојба. Можеби ќе успееш да ме замолчиш мене, но тој молк доаѓа со цена. Можеби ќе успееш да замолкнеш еден човек, но вресокот на протестите од целиот свет ќе одекнува, господине Путин, во товоите уши до крајот на твојот живот. Гог нека ти прости за она што го направи, не само мене, туку и на саканата Русија и на целиот народ

По смртта[уреди | уреди извор]

еден ден по смртта на Литвиненко, Алекс Голдфарб читал изводи од британската телевизија и радио кои наводно биле целосно составени од Литвиненко. Автентичноста на тој запис, односно последната изјава на Литвиненко, станала предмет на најразлични шпекулации. Според некои, изјавата била напишана од страна на лордот Бел или пак од страна на неговите адвокати.

Самата медиумска кампања била исклучително ефикасна и помогнала јавното мислење да се сврти против Владимир Путин. Смртта на Литвиненко била прикажана како меѓународен шпионски скандал, со Кремљ на обвинителната клупа.

Самиот Литвиненко бил пограбан на 7 декември 2006 година. По само неколку дена од неговата смрт, Березовски организирал конференција за печат, во кој директно го предизвикал Луговој да се соочи со обвинувањето. По оваа изјава, за само неколку дена во печатот било објавено дека самиот Березовски стои зад настаните околу Литвиненко. Во исто време, од Московскиот Кремљ постојано пристигнувале негирања дека руската држава е инволвирана во случајот[4].

Според новинарот Едвард Џеј Ипстејн, Литвиненко бил вмешан во незаконска трговија со радиоактивни материи и оти се отрул „без да знае или без да сака“.

Дејство на полониум-210[уреди | уреди извор]

По смртта на Литвиненко, од истата радиоактивност се заразиле:

  • Марио Скарамела, кој според британските медиуми немал можност да преживее. Сепак, според извештаиете од болницата, скарамела немал големо количество на плотониум, и на 6 декември бил пуштен од болница.
  • Егор Гајдар, прв премиер на Руската федерација.
  • сопругата на Литвиненко
  • Ахмед Закаев

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alexander Litvinenko“. London: The Daily Telegraph. 25 November 2006. Архивирано од изворникот на 2011-02-06. Посетено на 16 March 2010.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)( at WebCite)
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име csrc.
  3. (руски)Александр Подрабинек (2002-10-10). „Офицер ФСБ дает показания“. Агентство ПРИМА. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 2011-07-17.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2011-07-17.