Црква „Вознесение Христово“ - Мршевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Спас

Црквата „Свети Спас“ во селото Мршевци

македонска православна црква
Епархија Дељадровско-илинденска
Местоположба

Карта

Место Мршевци
Општина Илинден
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Осветување 1998 година
Архитектонски опис

Свети Спасмакедонски православен храм во скопското село Мршевци. Храмот се наоѓа на мало возвишение над селото, веднаш до фудбалското игралиште. Црквата е осветена во 1998 година. Во нејзин склоп постои сала за ручек која собира 250 гости, а моментално се реконструира и чешма. Голем народен собор се одржува за патрониот празник Спасовден кој воедно е и селска слава на селото. Внатрешноста на црквата е живописана со нови фрески, кои се дар од семејствата кои живеат или водат потекло од селото Мршевци, а има и мермерен иконостас.

Галерија[уреди | уреди извор]