Исар (Студеничани)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Исар или Кале — археолошко наоѓалиште кај скопското село Студеничани, Општина Студеничани. Претставува градиште (опидум) од раната антика.
На 1 км североисточно од селото и на 1 км северозападно од Морани, на висока тераса се најдени остатоци од бедем. Акрополот, кој е ограден со ѕид, има неправилен облик и димензии од 150 × 100 м. Со сондажните ископувања во 1953 г. се откриени археолошки предмети од коска, камен и метал и многубројни фрагменти од керамички садови.[1]
Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386-387. ISBN 9989-649-28-6.
|