Градиште (Долно Количани)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Долно Количани. Претставува градиште - викус со некропола од римското и доцноантичкото време. на 1,3 километри северозападно од селото, на простор од 2,5 хектари се гледаат темели од одбранбени ѕидови, а и од помали објекти. На површината се среќаваат во изобилство градежен материјал, керамички садови и питоси. На околу 800 метри севрзападно од градиште е регистрирана поголема некропола.Откриени се гробови со конструкција од големи тегули-тип ,,на две води"[1]. Во непосредна близина на наоѓалиштето, жителите откопале повеќе гробови со камена кострукција. (Ц.К., З.Б)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.