Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
НУ Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани
Зградата на Центарот за култура во 2023 година
Карта
Општи податоци
МестоКочани, Македонија
АдресаКеј на револуција б.б.
Почната1959
Завршена1961
Обновена2018-2023
Проектирање и изградба
АрхитектГлигорие Савовиќ

Национална установа центар за култура „Бели мугри“културна установа во Кочани. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Кочани. Установата е наречена по збирката поезијаБели мугри“ од Кочо Рацин.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на зградата била започната во 1959 година и била завршена во 1961 година.[1][2]

Првично отворените галерии биле покриени со покрив во 1980-тите години.[1]

Во 2016 година се работело на изработка проектот на обновување на зградата, кој бил одобрен од Министерството за култура во март 2017 година.[3] Во август 2018 година, започнало обновувањето на фасадата. Изведувач на работите во оваа фаза било претпријатието „Дрвопром“ од Мородвис, а надзор било „ЗИМ“ АД Скопје.[4] Тој период, обновен бил и покривот. Во 2020 година, првата (надворешна) фаза била завршена.[5] Во 2021 година, започнала преизградбата на гледалиштето во внатрешноста на градбата.[6] Во април 2022 година, била завршена внатрешноста и салата, односно градежните активности биле завршени. На 29 април таа година, киносалата била свечено пуштена со филмотПреекспонирано“ од режисерот Елеонора Венинова.[5][7][8]

Директори на установата[уреди | уреди извор]

  • Кристина Атанасова-Арсова[3]
  • Ана Поп Михајлова (в.д.)[5]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Трите главни обликовни единици се издолжениот кубус, големата сала во средишниот дел на градбата и отворените летни галерии заштитени со клаустра на фасадата во страничниот дел на комплексот.[1]

Западната страна и клаустрата.

Во предниот дел на градбата е сместен главниот влез и изложбената повеќефункционална галерија на првиот кат. Големата сала ја завзема средишната двовисинска положба во градбата, положба која е нагласена во обликот со контролната кула на сценскиот простор и располага со сместивост од 360 седишта во партер и 78 седишта на балкон. Администрацијата и помошните простории се наоѓаат на страничничните делови од градбата. Како уникатен дел биле отворените (денес покриени) летни покриени галерии на првиот кат кои преку клаустрата по целата должина на градбата се заштитени од директниот поглед, и истовремено се вентилирани.[1]

Предната страна на зградата.

Главниот влез на установата ја содржи издадената стаклената фасада која е пред носечката конструкција и со тоа се покажани осумте носечки столбови на истата и потенцирањето на нивната обработка. Покривната конструкција е створена од челични решетки и покрив со мал нагиб над средишниот дел.[1]

Терацото надвладејува како најкористен материјал за скоро сите простори. Влезната партија е потенцирана каде се користени големи парчиња мермер со терацо. Изложбениот простор на првиот кат има мермерни подови и дрвена касетирана обработка на плафонот. На столбовите е употребена рафело техниката на имитација на црвен мермер која е од особен квалитет. Подот на големата сала е линолеум додека ѕидовите се обработени со дрвени панели за добивање на удобна акустична просторија.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Мартин Ефремовски (24 мај 2017). „Дом на култура "Бели мугри" – Кочани“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2017-05-27. Посетено на 19 септември 2023.
  2. Александра (10 октомври 2012). „Центарот за култура "Бели мугри" во изградба - 1961 година“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 25 јули 2022. Посетено на 21 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 „Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани“. Министерство за култура. 20 март 2017. Архивирано од изворникот 2023-09-19. Посетено на 19 септември 2023.
  4. „ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „БЕЛИ МУГРИ". Општина Кочани. 6 август 2018. Архивирано од изворникот 2019-11-16. Посетено на 19 септември 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 Рамазан (29 април 2023). „Свечено отворена реновираната сала на ЦК „Бели Мугри" во Кочани“. vocentar.com. Архивирано од изворникот 2023-05-01. Посетено на 19 септември 2023.
  6. „Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари“. Општина Кочани. 4 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-27. Посетено на 19 септември 2023.
  7. „Кочани доби подновен Центар за култура“. nezavisen.mk. 2 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-13. Посетено на 19 септември 2023.
  8. „Комплетно реновиран Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани“. Министерство за култура. 3 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-06-02. Посетено на 19 септември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]