Глигорие Савовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Глигорие Савовиќ е еден од водечките македонски архитекти од втората градителска етапа, која го опфаќа периодот од 1944- 2000 година.

Дипломирал на Градежниот отсек на Техничкиот факултет во Белград, во 1937 година. За време на Втората светска војна работел во Заечар, а по војната во Чачак и Ужице, Србија.

Во 1948 година се преселил во Скопје, каде што се вработил во проектантското претпријатие за Македонија „ Проектант“. По струка бил градежен инженер, но се занимавал со архитектонско проектирање. Негова преокупација биле станбените објекти, поле на кое постигнал забележителни резултати.

Во 1961 година го напуштил Скопје и се преселил во Косово, продолжувајќи ја својата проектантска дејност на полето на архитектонското проектирање и реализирал повеќе станбени објекти во Урошевац и Приштина.

Позначајни објекти му се:

  • 1949/50- Монополската зграда во Скопје;
  • 1952/53- Станбениот блок (П+3) на аголот на бул. „ Илинден“ и ул. „ Ленинова“, Скопје;
  • 1958/59- Станбениот блок (П+4+По) на аголот на ул. „Македонија“ и ул. „ Луј Пастер“, Скопје;
  • 1959/60- Домот на културата „ Бели мугри“ , Кочани;
  • 1960- Станбениот блок (П+3+По) на ул. „ Гоце Делчев“, Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Константиновски, Георги (2001). Градители во Македонија XVIII-XX век. Скопје: Табернакул. стр. 196-197.