Калата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калата
Калата.jpg
Поглед на Калата
Етимологија од калај
Географија
Координати 41°59′06″ СГШ 22°35′25″ ИГД / 
Околни водни површини Калиманско Езеро
Површина 0.015 км2
Должина 300 м
Ширина 75 м
Брегова линија 550 м
Управа
Регион Источен
Општина Македонска Каменица
Селски атар Дулица
Демографија
Население ненаселен
План на наоѓалиштето Калата. Освен островот, прикажан е потопениот дел од крепоста.

Калата — остров во средиштето на Калиманското Езеро со површина од 1,5 хектари[1] и место на древен утврден рударски град. Сместен е во атарот на с. Дулица во Општина Македонска Каменица, на почетокот од заливот вовлечен кон градот Македонска Каменица. Ова е единствен остров во источна Македонија, иако повремено во истото езерото се појавува мало островче кај с. Тодоровци, со површина од 0,2 ха.

Историја[уреди | уреди извор]

На островот и неговата околина, меѓу реките Брегалница и Каменичка бил расположен утврден град уште од римско време, од кој денес само една петтина е над водата, и зафаќал површина од 5,3 ха и се води под археолошката целина „Луковица“ [2] Името Калата е добиено од калајот кој се вадел од ова место, заедно со златната руда. Остатоците кои се присутни денес се доцноантички, изградени со обнова на обѕидието на основа на римските градби. На јужното подножје на сегашниот остров е откриена ранохристијанска црква, а на само еден километар од неа и базилика — обете од V век.[3]

Физички особености[уреди | уреди извор]

Калата е долга 300 м во правец североисток-југозапад, со најголема ширин од 75 м и најголема висина од 15-25 м, зависно од нивото на водата. Бреговата линија е долга 550 м.[1]

Островот е оддалечен 100-150 м од копното. Лете водата се намалува и островот станува полуостров, поврзан со копното на североисток.

Растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

Калата е покриена со дабова шума и бујна трева, и има разновиден животински свет од водоземци, влекачи и птици.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Езерски острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 186. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 
  2. Микулчиќ, Иван (1996). „Општина Делчево“. Средновековни градови и тврдини во Македонија. МАНУ. ISBN 9989-756-06-6. http://macedonia.kroraina.com/im3/im_delchevo.htm. 
  3. Калиманци — Tourguide.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]