Локва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локва од растопен снег во вртача на планината Караџица, Македонија

Локва — насобрана вода или течност на земјата; мала длабнатина исполнета со вода[1]. Во природата локвите се вдлабнатини во земјиштето кои привремено се исполнуваат од насобраната вода – дождовница или од растопениот снег. Најчестото значење на зборот локва претставува вдлабнатина со дождовна вода[2]. Односно таа означува вдлабнатина во која повремено се насобира вода, која потоа и исчезнува преку исушување и испрарување поради што локвата се разликува од сличните зборови: вир кој најчесто се создава од проточни води и бара која е постојано количество на застоена и насобрана вода, вообичано во мочуришта и блата. Зборот локва во географијата често се користи за повремените мали планински езерца кои настануваат со топење на снегот, а во секојдневието и книжевноста зборот локва се користи и за насобрана истечена (пролеана) крв.

Доста е раширен во топонимијата во Македонија и словенските земји, па така именката локва и изведенки од неа може да се однесува и на:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Видоески, Божидар (1999). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 85. ISBN 9989-649-64-2.
  2. http://www.makedonski.info/show/%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B2%D0%B0/%D0%B6