Самарско Море

Координати: 11°49′30″N 124°30′00″E / 11.82500° СГШ; 124.50000° ИГД / 11.82500; 124.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Самарско Море
Снимка на Самарското Море
(горе десно)
Самарското Море на карта
Подрачје
Координати11°49′30″N 124°30′00″E / 11.82500° СГШ; 124.50000° ИГД / 11.82500; 124.50000
Видморе
ЕтимологијаСамар

Самарско Море — мало море во рамките на Филипините, сместено меѓу регионот Бикол на Лусон и Источните Висаи.[1]

Се граничи со островите Самар на исток, Лејте на југ, Масбате на запад и Лусон на север. Поврзано е со Филипинското Море на север преку протокот Сан Бернандино, со Лејтскиот Залив на југоисток преку протокот Сан Хуанико, со Висајското Море на југозапад и со Сибујанското Море на северозапад преку Масбатскиот и Тикајскиот Премин. It contains Билиран Island, the islands of Алмагро, Марипипи, Санто Нињо, Дарам и Тагапул-ан.

Еколошки проблеми[уреди | уреди извор]

Самарското Море е жртва на значајно осиромашување на морскиот фонд до степен на екоцид. Сè до 1981 г. во него живееле 50 видови риби застапени во стопанскиот риболов, но во рок од десет години, истите се сведени на 10, што се должи на прекумерниот риболов и примената на погубни методи (како динамит). Просечниот дневен улов во 1960-тите изнесувал 30 кг, а во 1981 г. се намалил дури на 8 кг дневно, за во 1991 г. да се сведе на само 3,5 кг дневно. Исцрпувајќи го фонндот на поголеми риби, рибарите прешле на помали видови и со тоа допуштиле огромно намножување на медузите.[2]

Обесшумувањето на приморските подрачја довело до зголемено сливање на мил од соголените планини, потрупувајќи ги коралните гребени, од кои денес само 5% се во здрава состојба. Големите количества мил довеле и до црвени плими, предизвијувајќи паралитично труење кај школките. Првата ваква плима надошла во 1983 г. и продолжила да се јавува на нередовна основа до денес.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Samar Sea: Philippines“. Geographic.org. Посетено на 22 July 2013.
  2. 2,0 2,1 J. Saeger (1993). „The Samar Sea, Philippines: a decade of devastation“ (PDF). Naga, the ICLARM Quarterly. 16 (4): 4–6. ISSN 0116-290X. Посетено на 22 July 2013.[мртва врска]