Чорлу

Координати: 41°09′N 27°48′E / 41.150° СГШ; 27.800° ИГД / 41.150; 27.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чорлу
Çorlu
Административна област и град
„Емлак Конутлар'“ станбени блокови – видно место во градот
„Емлак Конутлар'“ станбени блокови – видно место во градот
ДржаваТурција
Географски регионМраморен Регион
ПокраинаТекирдаг
Управа
 • ГрадоначалникАхмет Сар'курт [1] (Републиканска народна партија)
 • КајмакамЏафер Сар'л' [2]
Површина[3]
 • Област899,28 км2 (34,721 ми2)
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „м“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „м“
}}
10 м (30 стапки) м
Население (2018)[4]
 • Градскo262,862
 • Метро300/км2 (800/ми2)
 • 0
Часовен појасИЕВ (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)ИЕЛВ (UTC+3)
Поштенски код59860 (Север) и 59861 (Југ)
Повик. бр.0282
Рег. таб.59
Мреж. местоhttps://www.corlu.bel.tr/
Табла со името на градот (2017) на државниот пат D.100

Чорлу – најголемиот округ во покраината Текирдаг, а истовремено, по Истанбул, е второто најголемо населено место во турска Тракија (источна Тракија).

Чорлу, кој е оддалечен 38 км од Текирдаг, се наоѓа во речниот слив на Ергене, заземајќи место среде Тракија, на рамнината на едно плато.[5] Најголемата област во Текирдаг, Чорлу, со својата поволна природна структура, развиените транспортни врски, значајната индустрија, можностите за работа и стратешкото значење е исто така една од најразвиените области во Турција. На север се граничи со окрузите на Текирдаг, Ергене и Черкезќој, на запад со окрузите Сулејманпаша и Муратли, на исток со истанбулскиот Силиври, на југ со покраината Мармараерелиси и Мраморното Море. Површината на областа е 531 км². Спрема пописот од 2015 година градот има 245.588 жители.[6]

Чорлу е на надморска височина од 193 метри. Брдата, кои се продолжение на планините Ј’лд’з, ги формираат високите места на Чорлу. Чорлу е област каде се таложат речните наноси од планината Ј’лд’з. Исто така, тоа е граница на поделба на водите помеѓу сливот на Ергене и крајбрежјето Мармара.[5] Сепак, бидејќи Чорлу се наоѓа помеѓу Црното Море и Средоземното Море, под влијание е на овие два климатски региона. Студениот воздух што доаѓа од северот и влажниот топол воздух што доаѓа од Средоземното и Егејското Море на југ, влијаат на климатските услови во регионот.[5]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Изнесени се различни тврдења за името Чорлу. Во старите атласи името на градот е „Царилус (Tzarylus)“, „Цурулум (Tzurulum)“, „Цурулус (Tzurulus)“, „Цуруле (Tzurule)“, „Чурла (Tschurla)“, Циралтум (Tziraltum)“.[7] Бидејќи бил познат по своето сирење, во византискиот период се нарекувал „Трибитон“ (Tribiton), што значи „град на сирењето“; а во некои дела се споменува како „Сирело (Sirello)“.[8] Но, меѓу народот се тврди дека името било изведено од зборот „чорак“ (çorak), што значи неплодно и бескорисно, и бидејќи Турците имале тешкотии при освојувањето на Чорлу, била изведена аналогија од тој збор.[9]

Историја[уреди | уреди извор]

Спрема откриените остатоци од праисторијата, историјата на областа може да се следи од бронзената ера. Чорлу, чие најстаро познато име е Циралум (Tzirallum) или Циралон (Tzirallon), е еден од градовите колонии кои ги основале Трако-Фригијците во 1000-тите години п.н.е. Во различни периоди од историјата бил под доминација на Фригите, Хелените, Скитите, Персијците, античките Македонци, Римјаните и Византијците. Од време на време бил изложен на пљачкосувања од страна на Хуните, Аварите и Печенезите. Градот бил окупиран и од арапските војски, кои организирале разни кампањи на Истанбул. Накратко, Чорлу бил мета на секоја инвазија на Тракија.

Средновековен период[уреди | уреди извор]

Тука во средниот век, се наоѓала тврдината Циралум (Tzirallum), којашто била користена за одбрана на Византиското Царство, па следствено Чорлу, кој се наоѓал на патот за Истанбул, добил воено значење. За време на Отоманската Империја, посведочил на важни историски настани поради неговата стратешка положба на главниот пат што се протегал од Анадолија до границите со Балканот.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

По освојувањето од Мурат I во 1357 година, Чорлу бил приклучен кон османската територија. Чорлу, кој повторно поминал под византиско владеење по смртта на Сулејман-паша и Орхан Гази, во 1361 година дефинитивно бил ставен под османлиска власт. По наредба на Мурат, Византијците кои го бранеле ова место биле тешко казнети, а ѕидовите на тврдината биле срушени во знак на опомена кон другите византиски градови во Тракија. Така, била елиминирана и воената важност на Циралум. Овој суров чекор веднаш вродил со плод и освојувањето на Тракија било лесно завршено. Чорлу по прв пат за време на империјата, повторно бил засегнат од војна, помеѓу татко и син, односно Бајазит II и неговиот син, принцот Селим (Yavuz - ”Грозниот„ или ”Немилосрдниот„). Принцот Селим I и Бајазит II се судриле кај Урашдере во близина на Чорлу при што принцот Селим бил поразен од војската на неговиот татко. Бајазит, кој во 1512 година му го препушта престолот на својот син, починал во својот дворец во Чорлу на пат кон палатата Диметока. Подоцна на истото подрачје, на патот од Истанбул кон Едрене, починал и султанот Селим Јавуз на 21 септември 1520 година. Во септември 1676 година големиот везир Ќопрулу Фаз'л Ахмет-паша починал на чифликот „Карабибер“, кој се наоѓа помеѓу Чорлу и Кар'шт'ран. Ханзадеите и Гирајеите, кои биле протерани од Крим во XVIII век, пронашле засолниште во Чорлу. Во 1830 година бил укинат Румелискиот Пашалак и е основан Едренскиот Вилает, Чорлу бил претворен во каза под јурисдикција на провинцијата Текирдаг. Во 1870 година при преструктуирањето на организацијата на вилаетите, неговата положба останала непроменета. Во 1876 година привремено паднал во руско владение.

Според годишната книга од 1892 година, напишана од Шевкет Да'девирен, директор на провинциската печатница на Едрене;

Во касабата Чорлу, една каза во санџакот Текирда на вилаетот Едрене, во 12 населби и 38 села има 3389 домаќинства и 11032 население од различни националности.[10]

Современа историја[уреди | уреди извор]

Во првата фаза од Балканските војни 1912-1913 година, главен штаб на командата на Отоманската источна армија бил во Чорлу. По битките на 5-6 декември 1912 година, прешол во рацете на Бугарите. Градот бил ослободен на 15 јули 1913 година во втората фаза на Балканските војни, по контраофанзивата на турската армија кон Одрин. Во Турската војна за независност, Чорлу паднал под грчка окупација на 25 јули 1920 година. Четите формирани од Сојузот за одбрана на Тракија и Пашаели, кој ја водел ослободителната борба на Тракија и делувал од 1918 година, ги продолжиле своите активности и тука. Со одлуките од Мудањското примирје, без водење на борби грчката администрација била предадена на турската администрација на 15 октомври 1922 година. Од аспект на одбраната, Чорлу сè уште од Втората светска војна претставува важна касарна и е дом на 189-тиот пешадиски полк.

Географија[уреди | уреди извор]

Општинската зграда во Чорлу
5-ти армиски корпус
Типична улица во центарот на градот
Воен гроб во Чорлу
Фатих џамија изградена во 1453 година.

Градот Чорлу се наоѓа во северозападниот регион на Турција, Тракија, а неговата надморска височина се движи од 150 до 180 метри. Чорлу се наоѓа во сливот на реката Ергене и сместен е во централниот дел на Тракија. На исток граничи со истанбулската покраина Силиври и Лулебургаз, покраина на К’ркларели; на запад со покраината Муратл’; на југ со покраината Мармараерелиси и Мраморното Море. Чорлу е на четвртото место во однос на областа што ја зафаќа во провинцијата Текирда. Површината на Чорлу е околу 949 км². Брдата, кои се продолжение на планините Ј’лд’з, ги формираат високите места на Чорлу. Поголемиот дел од територијата на Чорлу се наоѓа во сливот на Ергене. Чорлу е област каде се таложат речните наноси од планината Ј’лд’з. Исто така, тоа е граница на поделба на водите помеѓу сливот на Ергене и крајбрежјето Мармара.

Клима[уреди | уреди извор]

Поради неговата локација во внатрешноста, Чорлу е регион со најмалку врнежи од дожд во Тракија. Просечното годишно количество на врнежи во Чорлу изнесува 545 mm на квадратен метар. 20% од врнежите паѓаат во пролет, 10% во лето, 30% во есен и 40% во зима. Просечно, насоката на ветерот е север-североисток, брзината на ветерот се искачува до 3,6 m во секунда и не носат многу врнежи од дожд. Лодос и к'бле се ветрови со насоки југ-југозапад и доведуваат влажни воздушни маси и предизвикуваат врнежи. А карајел, кој е предвесник на зимата, донесувајќи студен воздушен бран предизвикува врнежи од снег. Средната годишна вредност на температурата изнесува 12,6 ℃, највисоката просечна температура е 18,2 ℃, а најниската просечна температура е 8,1 ℃. Поради тоа што Чорлу се наоѓа помеѓу Црното Море и Средоземното Море, под влијание е на овие климатски региона. Студениот воздух што доаѓа од северот и влажниот топол воздух што доаѓа од Средоземното и Егејското Море на југ, влијаат на климатските услови во регионот.

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Испуштањето на фабрички отпад во потокот Чорлу е една од причините за ширењето на несносната реа во околината. Покрај потокот била изградена пречистителна станица и во тек се активностите на прочистување на водите. Потокот Чорлу се влева ро реката Ергене, која во најголем дел ги задоволува човечките и земјоделските потреби на регионот Тракија.

Чорлу е регион со втора најголема застапеност на подземни води во Тракија. Почвата, која на површината има песок и ситен камен, водата од врнежите од дожд и снег ги пропушта како цедалка. Таквата ситуација е исто така опасна од гледна точка на загадувањето. Исфрлувањето на отпад, како и протекувања од индустриските капацитети се мешаат со подземните води. Неизбежно е да се преземат неопходни мерки на претпазливост за итно да се спречи ова загадување. Годишниот потенцијал на подземните води од 274 hm³ во регионот, потекнува од сливот на Ергене. Количината на вода што ја користи Текирдаг сочинува 42% од вкупната вода. Вреди да се одбележи дека 61% (51,72 hm³/година) од оваа количина му припаѓа на областа Чорлу. Покрај тоа, забележливо е дека количината на вода што се искористува во областа Чорлу за пиење, употреба и индустрија е поголема од количината вода за наводнување. Вкупната дневна побарувачка за вода во индустријата достигнува 90.000 m³. Оваа количество се задоволува со копање на бунари и непланска употреба на подземни води.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Со повеќе од 300 фабрики, Чорлу е главно град за производство на текстил, при што Левис (Levi's) и Мави (Mavi) се меѓу компаниите што имаат фабрики овде, како и големи аутлет центри, кои со своите попусти, се наменети за привлекување на потрошувачи од цела Тракија и Истанбул.

Од 2009 година, Хјулит-Пакард и Фокскон груп се здружиле за заедничко вложување во градот да изградат голем фабрички и производствен комплекс што ќе им овозможи на двете компании да го користат Чорлу и во целина Турција, како центар на нивните производствени активности за Источна Европа и Блискиот Исток.[11]

Чорлу, сместен во регионот богат со песок и чакал, и неговите каменоломи Каратепе, се области каде се произведува бетон, бетонски агрегат и асфалтен камен. Каменоломите Каратепе ги задоволува потребите на сите бетонски постројки, општини, автопати, селски задруги, пристанишни операции, аеродроми. Дури и абразивните слоеви за истанбулскиот мост „Фатих Султан Мехмет“, за надвозникот над Меџидијеќој и за мостот „Халич“ се обезбедени од тука. Покрај тоа, по направените сондирања од TPOAŞ во атарот на селото Јулафл’, во регионот бил пронајден природен гас.

Население[уреди | уреди извор]

Населението, кое во 1927 година изнесувало 8000, надминало 25.000 во 1965 година и 45.000 во 1970 година, а во 1990 година стасало до бројката од 75.000. По тој датум, паралелно со развојот на индустријата започнале миграциите и во 1997 година бројот на жители кој се приближил до 120.000, со пописот од 2007 година, тој број надминал 190.721 жители. На тој начин, не сметајќи го Истанбул, станал најголем град во Тракија, поминувајќи ги административните центри Текирдаг (141.439) и Одрин (138.793). Градот Чорлу е меѓу 10-те најнапредни области во Турција. Спрема податоците, кои потекнуваат врз основа на адресите на регистрација на населението, а кои ги објавил турскиот институт за статистика, на пописот од 2010 година се обелоденило дека Чорлу со своите 252.974 жители има повеќебројно население од 77 други административни центри.

Денеска градот има поголем број на жители од провинцискиот центар Текирда, пред сè поради растот на бројот на население, кое првично се должи на егзодусот на Турците од Бугарија во 1989 година. Тоа довело до формирање на традиционално лево ориентирана работничка класа, а со вториот бран на мигранти од рурална Анадолија во 90-тите години, кои дошле да работат во фабриките, сега го сочинуваат конзервативното население на градот. Во Чорлу, исто така, имаше привремено население од етнички Албанци и Бошњаци, на кои за време на Косовската војна[12] им бил доделен привремен азил како дел од напорите на Турција и Северна Македонија да им помогнат на настраданите населени места во поранешна Југославија. Градот има и мала еврејска заедница.[13] Во 1970 година,[14] единствената синагога во градот била претворена во џамија сега наречена „Јени џамија“; обновена е во согласност со оригиналниот дизајн, без промена на таванските украси и капителите на столбовите.

Табела на населението од округот Чорлу во 1892[10]
Муслимани (народ) 3.613
Грци 3.023
Ерменци 3.813
Евреи 288
Бугари 295
Роми 69
Вкупно 11.101

Развиток[уреди | уреди извор]

Географската местоположба на Чорлу, како мост помеѓу Европа и Азија, предизвика индустријата да се концентрира во оваа област. Заедно со Истанбул, Коџаели (покраина) и Бурса, зазема битно место во турската индустрија. Чорлу, кој пред 10-тина години беше една тивка област, сега потполно го има приматот на индустриски град. Како резултат на тоа, миграцијата се зголеми и густината на населението оди во нагорна линија. Поради овој брз развој и активност, дури го именуваат како Малиот Истанбул. Сестринската фирма на Туркиш Ерлајнс, Анадолу Џет, започна со летовите Анкара-Чорлу. Првата и единствена аеродромска писта што ја поврзува Тракија со Анадолија по воздушен пат се наоѓа во Чорлу.

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

По повод националниот празник на Турција, Денот на Победата (30 август), Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заедно со делегација на Турската заедница од Општина Куманово го посетија Чорлу и остварија средба со локалните власти. Било разговарано за продлабочување на соработката во културата, спортот и економијата.[15]

Максим Димитриевски и Ахмет Сар'курт во Чорлу

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-27. Посетено на 2020-07-12.
  2. http://www.corlu.gov.tr/corlu-kaymakami
  3. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  4. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  5. 5,0 5,1 5,2 „ÇORLU BELEDİYESİ“. www.corlu.bel.tr. Архивирано од изворникот на 2020-07-08. Посетено на 2020-07-12.
  6. „архивски примерок“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-02-10. Посетено на 2020-07-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. Comnena, Anna (2003). The Alexiad. Преведено од Sewter, E. R. A. Penguin Books. ISBN 9780140449587.
  8. „Tabula Peutingeriana“. Wikipedia (англиски). 2020-03-26.
  9. „Tarih“. www.corlu.bel.tr. Архивирано од изворникот на 2020-07-07. Посетено на 2020-07-12.
  10. 10,0 10,1 Kazancıgil, Ratip (2005). „Dağdevirenzade M. Şevket Bey'in Edirne Tarihi ve Balkan Savaşı Anıları“. Gökçe Nilüfer. Edirne: Türk Kütüphaneciler Derneği Edirne Şubesi Yayınları. No:41.
  11. „RÜYA GERÇEK OLDU: HP 2 BİN KİŞİYE ÇORLU'DA İŞ VERECEK - EKONOMİ - STARGAZETE.COM“. web.archive.org. 2009-02-25. Архивирано од изворникот на 2009-02-25. Посетено на 2020-07-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. Refugees, United Nations High Commissioner for. „Refworld | U.S. Committee for Refugees World Refugee Survey 2000 - Macedonia“. Refworld (англиски). Посетено на 2020-07-12.
  13. Mokotoff, G. (1998). Avotaynu: the international review of Jewish genealogy. Volume 14. стр. . 40.
  14. „(in Turkish). T.C. Çorlu Müftülüğü“. Архивирано од изворникот на 8 February 2013. Посетено на 12 July 2020.
  15. „Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Општина Чорлу (Р. Турција)“. Општина Куманово. 2018-08-31. Посетено на 2020-07-14.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]