Ристо Миљановски
Ристо Миљановски | ||
Роден | 7 март 1936 Статица, Кралство Грција | |
---|---|---|
Занимање | поет и раскажувач |
Ристо Миљановски (Статица, Костурско, 7 март 1936) — македонски поет и раскажувач.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Милјановски е роден во село Статица, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. За време на Граѓанската војна во Грција, тој заминал за Унгарија. Основно образование завршил во Блатомлади, а Педагошка школа во Будимпешта, во Унгарија. Работи едно време како наставник во Средна технолошка школа на унгарски јазик. Првите литературни обиди ги прави како сосема млад, вдахнат, пред се, од носталгијата кон родниот крај и својата родна земја. Иако живее надвор од татковината, со голема љубов читал книги на македонски јазик, сè што ќе му дојде до рака, а во своето творештво со многу сугестивен јазик и голема носталгија го опејува родниот крај и мајчиниот јазик, пределите во кои го минал детството. Пишувал поезија и проза. Живее во Торонто, Канада.[2]