Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ - Дупјак

Координати: 40°29′30.6″N 21°16′33.2″E / 40.491833° СГШ; 21.275889° ИГД / 40.491833; 21.275889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангели МИхаил и Гавил
Ταξιαρχών
Карта
40°29′30.6″N 21°16′33.2″E / 40.491833° СГШ; 21.275889° ИГД / 40.491833; 21.275889
МестоДупјак, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Стилвизантиски
Завршенасреден век
Управа
Архијерејско намесништвоРупишко
ЕпархијаКостурска

Свети Архангели Михаил и Гаврил (грчки: Ναός Ταξιαρχών) — средновековна црква кај селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на 1 км северно од Дупјак, лево крај патот ЕО15 за Костур спроти хотелот „Цамис“. Сместена е меѓу две карпи, во најтесната точка на клисурата кон јужниот влез на Костур. Во подножјето на карпите има мала пештера, често поврзувана со култот кон Архангел Михаил, а двете карпи силно потсетуваат на карпата од Чудото во Хона на Архангел Михаил.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Остатоците од црквата се ископани од костурскиот историчар Панделис Цамисис, кој ја опишал во неговата книга „Костур и неговите споменици“.[1] Црквата е срушена при османлиското освојување на Македонија.[1]

Храмот е изграден во византиски стил и сместен во подножјето на карпите, со квадратни плочи и делумно зачувани фрески.[2]

Меѓу двете карпи има крајпатно параклисче „Св. Архангели“ кое го одбележва местото на средновековниот храм.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ο βυζαντινός ναός των Ταξιαρχών στο Δισπηλιό Καστοριάς, που καταστράφηκε κατά την τουρκοκρατία“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 30 март 2021.
  2. Τσαμίσης, Παντελής (1949). „Η Καστοριά και τα μνημεία της“. Αθήνα: Ι. Λ. Αλευρόπουλος. стр. 163. Ταξιάρχαι: Ολίγα μέτρα προ του χωρίου Δισπηλειού και κάτωθεν απόκρημνων βράχων εύρομεν λείψανα αρχαίου ναού Βυζαντινού, τετραγώνους κεράμους και μικράν τοιχογραφίαν εις τίνα μέρη, ούτινος το όνομα Ταξιάρχαι παρέμεινεν. Отсутно или празно |url= (help)