Прејди на содржината

Даре Џамбаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даре Џамбаз
Министер за финансии
На должноста
16 април 1945  18 април 1946
Претседател Лазар Колишевски
Претходник Љупчо Арсов
Наследник Даре Џамбаз
Министер за финансии
На должноста
18 април 1946  31 декември 1946
Претседател Лазар Колишевски
Претходник Даре Џамбаз
Наследник Даре Џамбаз
Министер за финансии
На должноста
31 декември 1946  6 јануари 1951
Претседател Лазар Колишевски
Претходник Даре Џамбаз
Наследник Даре Џамбаз
Министер за финансии
На должноста
6 јануари 1951  3 февруари 1953
Претседател Лазар Колишевски
Претходник Даре Џамбаз
Наследник ?
Министер за финансии
На должноста
19 декември 1953  15 април 1958
Претседател Љупчо Арсов
Претходник ?
Наследник ?
Лични податоци
Роден(а) 1 октомври 1911
Прилеп, Битолски Вилает, Отоманско Царство
Починал(а) 27 јануари 1981(1981-01-27) (возр. 69)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ

Божидар (Даре) Џамбаз (1 октомври 1911 во Прилеп27 јануари 1981 во Скопје) — македонски фармацевт, борец и државник.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943).

По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година.

Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.[2]

Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и планинарскиот дом на Водно го носат неговото име.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1636. Text "series " ignored (help)
  2. „Божидар (Даре) Џамбаз“. OLDPRILEP.COM. 2014-10-30. Посетено на 2023-12-15.