Влада на Македонија од април 1946

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владата на НР Македонија од април 1946 е формирана на 18 април 1946 година, само два месеци по реконструкцијата на првата влада, до која дојде во февруари 1946 година. Оваа влада имаше краток мандат, до донесувањето на првиот Устав на Народна Република Македонија, на 31 декември 1946 година, кога е избрана нова влада.

Состав на владата[уреди | уреди извор]

Владата е составена од претседател, два потпретседатели и 11 министри. Во однос на претходната влада од 1945 година, во оваа влада е вклучен и министер за труд.

Составот на владата е следниот:[1]

Реконструкција на Владата[уреди | уреди извор]

На 12 ноември 1946 година е прифатена оставката на Борис Спиров како министер на социјална политика, поради неговиот избор за претседател на Уставотворното собрание на НР Македонија, и за вршител на должноста е именуван министерот на народното здравје Вукашин Попадиќ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на Народна Република Македонија, 12/1946, 99-100 стр.
  2. Службен весник на Народна Република Македонија, 32/1946, 1 стр.